Ниту еден тест не е 100 посто сензитивен, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни што се случувало со жената кај која после смртта беше докажан коронавирусот. Она што го кажа го темели на исказите од болницата и Центарот за јавно здравје во Куманово.
Жената која што почина од Ковид 19 за првап на преглед се јавила на 16 март, имала температура без кашлица и негирала дека патувала во странство, по што и била дадена терапија. Следниот ден на 17 март дошла заедно со нејзиниот син кој исто така имал температура и повторно негирала патување во епидемиолошката анкета и негирале контакт со заболен.
„ На 17 и 18 март примале терапија во дневната болница, немале кашлица. На 19 март со потежок наод констирана е пневмонија и се сместени во изолација, по што се земаат брисеви. Значи, на 19 и на 20 март се направени во два наврати анализи на двајцата. Резулатите од 19 март се негативни, а на 20 март се повторен тестот кај мајката и тој бил негативен. На 21 март состојбата се влошува направени се обиди за реанимација, но за жал без успех, пациентката починала. Со оглед дека компликацијата станува нагло, земен е материјал после смртта, уште еден материјал и тестот е позитивен на коронавирус. Преиспитани се повторно матријалите уште еднаш и тие се негативни. Разговараме со експерти, консултиравме литература никаде тестовите не се 100 посто сензитивни и тоа е докажано“, изјави министерот Филипче.
Тој рече дека е направена епидемиолошка анкета на здравените работници и ќе се види дали ќе одат во изолација или ќе бидат тестирани.
Во однос на тоа како ќе се одвива состојбата со вирусот, Филипче рече дека е тешко да се претпостави како ќе се одвива, но пикот односно врвот на болеста, се очекува за еден месец.
„Тешко е да се каже колку заболени ќе има, се се само претпоставки. Се надевам со новите мерки ќе постигнеме резулат. Пикот би бил за 1 месец од сега. Верувам дека намалувањето на социјалните контакти ќе овозможи да се намали бројот на заболени и се надевам дека ова што се превзема ќе даде резултат“, рее Филипче.
Тој информира дека е направен е список на лекари кои можат да работат, да се вклучат во во системот во ваква вонредна ситуација и околку во 200 млади лекари и 400 медицински сестри веќе се мобилизирани , како и пензионирани лекари кои ќе бидат повикани доколку има потреба. Филипче нагласи дека лекот за маларија Лекот за Маларија односно конбинацијата од два типа на лекови, од кој едниот антибиотик, веќе го имаме во државата, а вториот протива маларија ќе се нарача во наредните денови.
„Тие се во фаза кај нас кога се изготвува протокол од страна на струњаци од фармација и ќе се презентираат клиничките студии на Комисија за заразни болести . Го имаме антибиотокот лекот за маларија го немаме, но ќе го набавиме во наредните денови“, рече Филипче.
Тој нагласи дека е разговарано со Амбасадата од Кина за добивање на помош веќе неколку пати и дефинитивен одговор ќе се добие во текот на следната недела.
„Во моментот има 1.400 тестови, завршена е постапка со која се набавени 1000 тестови, најавата е дека можеме да набавуваме по 1.000 секоја недела, а ИЈЗ има сопствена набавка на близу 5.000 тестови“, порача Филипче.
Тој смета дека со вклучувањето на матичните лекари во системот кои ќе одлучуваат по однос на симптомите и ќе закажуваат на пунктовите, значајно ќе се олесни процесот.
Во однос на полицискиот час, рече дека секоја компанија која што има работа во смена ќе добие пропусници. Информира дека досега до пладне во државата се вратиле околу 100 државјани иако се најавија 2.000 и тие се сместени во карантин во постоечките објекти, а се обезбедени и други објекти кои може да ги примат тие што ќе доаѓаат од странство.