Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кризата како опасност и шанса

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2020 15:34

Автор: Ида Протугер Вељковиќ, психолог, колумнист и тренер за личен и организациски развој

Актуелната глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот драматично го смени функционирањето на светот. Луѓето се збунети, уплашени, исто како и владите на многу земји кои се однесуваат некогаш ефикасно, некогаш неконзистентно затоа што ситуацијата е нова и непредвидлива. Тоа дополнително ги вознемирува граѓаните. Стрес, страв, анксиозност, збунетост, гнев, се емоциите кои ги преплавуваат деновиве луѓето и тие бараат перспектива на надеж дека животот ќе се врати во првиобитниот баланс што го нарекуваме нормала. Што може да донесе оваа ситуација на психолошки план, какви искуства и лекции може да понуди, дали ќе не скрши или направи посилни. Првиот дел од анализата на овие фактори во неколку продолженија почнува со расветлување на поимот психосоцијална криза.

Прв дел – Кризата како опасност и шанса

Легендата вели дека зборот криза на кинески е составен од два знака, едниот означува опасност, а вториот шанса. Иако јазичните експерти велат дека ваквата интерпретација на западниот свет не е сосема точна, ова толкување е толку одомаќинето, што е составен дел од говорите на многу политичари, лидери и мотивациски говорници. Значењето, пак, на зборот криза е ситуација која е опасна и дестабилизирачка.

Кризите се составен дел од животот и се многу чести теми во психотерапијата и советувањето за личен развој. Психосоцијална криза се дефинира како губење на менталниот баланс кога личноста се соочува со настани или животни околности со кои во моментот не може да се справи затоа што го надминуваат дотогашното искуство и вештини.

Постојат повеќе видови психосоцијални кризи, меѓу кои за анализата се битни две: трауматските и кризи на промена (кои настануваат како последица на крупни промени во динамиката на животот како пубертет, бременост, брак, пензионирање).

Трауматските кризи се најчесто ненадејни и непредвидливи „удари“ на судбината, како смрт на близок, болест, инвалидитет, нарушување на партнерска врска поради напуштање или прељуба, како и природни катастрофи како што е актуелната пандемија.

Глобалната криза предизвикана од корона вирусот е трауматска криза за човештвото. Но на индивидуално ниво, нејзиното влијание се разликува. За некого е траума (загуба на близок, на материјална сигурност), до дискомфорт или граници на безначајност за друга личност во светот.

Трауматските кризи имаат четири фази

1. Шок фаза – кога личноста се соочува со трауматската околност. Може да трае од неколку часа, до повеќе денови. Личноста се соочува со внатрешен емоционален хаос и реакциите се најчесто вкочанетост, „анестезираност“ или пак бесцелно делување. Неретко во шок, луѓето се зафаќаат со активности кои се нецелисходни за дадената ситуација. Со вакви нелогични активности може да се објасни купувањето тоалетна хартија во актуелната криза со корона вирусот.

2. Реактивна фаза – Во оваа фаза се активираат одбранбените механизми на човекот, од кои најчесто:

– потиснување (нагон да се заборави трауматскиот настан)
– негација, кога личноста ја негира, не сака да ја прифати ситуацијата.
– рационализација, кога личноста се обидува несигурноста од новонастанатата ситуација да си ја објасни. Со овој одбранбен механизам може да се објаснат теориите на заговор во врска со корона вирусот, дека е излезен од лабораторија, дека е биолошко оружје и сл.
– социјално повлекување.

Акутниот стадиум на кризата ја опфаќа првата и во одреден дел втората фаза. Трае четири до шест недели.

3. Третата е фаза на процесирање – личноста полека почнува да ја прифаќа новата реалност, постепено се надминува кризата и траумата полека се сместува во минатото, а има први нови интереси и првични преспективи за иднината во новата реалност.

4. Четвртата фаза се нарекува нова ориентација – личноста ја прифатила реалноста, се обновува самодовербата и подготвеност за живот во новите околности.

Акутниот стадиум се смета за транзициски период од висока психолошка ранливост, кон можност за личен раст и учење од искуството. Опасноста од кризите е што можат да предизвикаат посериозни психолошки нарушувања, подлабоки емоционални последици и да преминат во хронични. Оттука и раната кризна интервенција е од голема помош. Во акутниот стадиум, кризната интервенција се состои главно од емоционална поддршка и стабилизација на личноста.

Во услови на сегашната пандемија, огромен фактор на поддршка и стабилизација се државните лидерства кои управуваат со системот и институциите. Ако властите успеат да пратат порака „ја држиме ситуацијата под контрола и се грижиме за вашата безбедност“, во голема мера ќе помогнат за намалување на стравот и ќе поттикнат соработка кај граѓаните. На индивидуално ниво, најголема поддршка е емоционалната, од блиските. Се разбира, на располагање е и стручна помош од психолозите, советниците за личен развој и терапевтите.

Ако новиот начин на живот како инструмент на борба со вирусот потрае, со ограничена слобода на движење, изолација, предизвиците за помош на индивидуално ниво ќе се прошират од кризна интервенција, во поддршка при криза на промени. Ако нечиј идентитет во голема мера се потпира на професионалниот ангажман (потврдата на личноста се црпи од професијата), во случај да не оди на работа, кај таа личност настанува идентитетска криза и силен пад на самодовербата. Во друг случај, материјалната сигурност може да била цврст столб во нечиј идентитет и загубата и неизвесноста во тој поглед, целосно да го разниша. Кај трет, осаменоста ќе биде тема. Оттука, ризиците и последиците од кризата се повеќесложни и комплексни.

Ако кризата пак ја разгледуваме како шанса, сознанијата и лекциите што таа ќе ги понуди ќе станат дел од нашето портфолио на внатрешни ресурси, на ниво на човештво и лични. Ќе се зајакне капацитетот за одговор на промени.

Голема улога во надминување на кризните ситуации има и резилиентноста, како и контекстот. Во психологијата се вели често дека „не е толку важно што се случило, туку како е доживеано“. Има луѓе кои успешно надминале трауматски настан, како и луѓе кои се „скршени“ од конфликтна ситуација на работа.

Иако за резилиентноста има сознанија дека во голема мера зависи од генетска структура, што наведува на помисла дека не сите имаат голема шанса за лесно пребродување на кризите, психологот Даниел Гилберт нуди поинаков аспект. Во книгата „Сопнувајќи се на среќата“ тој вели дека резилиентноста е всушност неочекувано висока кај многу голем број на луѓе. Тој тоа го објаснува со постоење на психолошки имун систем кој се активира при „напад“ на идентитетот, слично на физиолошкиот. Тој психолошки имун систем делува така што при трауми или напад на идентитетот, постои тенденција да се најде позитивен контекст кој ја потврдува личноста во секакви околности.

Тој цитира три вистински сведоштва за луѓе кои тврдат дека по трауматски кризи, животот им се подобрил.

„Се чувствувам многу подобро во физичка, материјална и секоја друга смисла“, е изјава на човек откако за загубил политичката кариера. Џим Рајт, поранешен спикер на Претставничкиот дом во САД дал оставка откако е откриено дека прекршил етички кодекс и се здобил со неоправдани привилегии.

„Беше тоа возвишено искуство“, изјавил Мориз Бикхам по отслужување 37,5 години затвор затоа што во самоодбрана убил припадник на Кју Клукс Клан. Живее 98 години.

„Сега ги ценам многу повеќе другите одошто порано“, е изјавата на актерот Кристофер Рив што го глумеше супермен, кој остана парализиран по пад од коњ.

Оваа, навидум контрадикција е во корист на тезата дека „во криза се расте“. Или како што Гилберт пишува, „факт е дека на најголем број луѓе им оди доста добро, кога работите одат прилично лошо“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.