Покренато е обвинение против сите 12 лица кои беа осомничени во случајот „Претседавач“. Основното јавно обвинителство обвинението го покрена во петокот, откако заврши со истрагата, потврдија во Кривичниот суд.
Во текот на истрагата продолжен е притворот за осуммина од обвинетите, меѓу кои е претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, неговиот брат, како и членови на Управниот одбор на „Машинопромет“, сопственици на фирми и еден функционер на УЈП. Обвинети се за злоупотреба на службената положба и проневера на 1,3 милиони евра.
Oбвинети се дека проневерата ја направиле во два наврати, во 2008 и 2009 година.
Според опозицијата, не станува збор за крично дело, туку за политички монтиран процес со цел да се блокира работата на општината Центар, во која власта со еден глас повеќе ја има опозицијата.




