Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според Венизелос, Македонија не ги исполнува копенхашките критериуми

0
By Нова ТВ on January 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2014 16:00

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, чија земја ќе претседава со ЕУ во првата половина од годинава, процесот на евроинтеграција на Македонија го оценува како проблематичен.

-Има случаи како ПЈРМ кои се проблематични бидејќи Владата на државата не помага со нејзиниот став за да се исполнат копенхашките критериуми кои треба да ги исполни секоја држава кандидат – почитување на меѓународното право и добрососедските односи, вели Венизелос во интервју за грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Венизелос вели дека Грција ќе остане посветена и верна на политиката на евроинтеграциите на Западен Балкан, иако проширувањето не е меѓу врвните приоритети на грчкото претседателство.

-Претходното грчко претседателство во 2003 година ја вгради како цел европската перспектива на Западен Балкан и таа е секогаш наш приоритет, усвоен од ЕУ. Сметам дека тоа е можност ова шестмесечие да се разговара за перспективите на Западен Балкан и да се преземат одредени активности што ќе дадат значење на нивната европерспектива, вели Венизелос.

Венизелос е оптимист за брзата интеграција на Србија со која на 21 јануари на меѓувладина конференција во Атина треба да започнат пристапните преговори. Тоа, според него, се однесува и на случајот со Црна Гора и Косово. Во однос на Албанија, потенцира дека ја има грчката поддршка за веднаш да добие кандидатски статус што треба да се разгледа во јуни на крајот од грчкото претседателство. Освен Македонија, како проблематична држава ја посочува и Босна и Херцеговина поради нејзините, се наведува, внатрешни и институционални проблеми.

Грчкиот министер најавува и посета на земјите од Западен Балкан, но, не открива дали меѓу нив ќе биде и Македонија. Целта на посетите, вели Венизлос, е преку контакти со владите на овие земји да разговара за тоа како да се олеснат перспективите за нивна евроинтеграција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.