Пратеникот Митре Велјановски за администрацијата и партизираноста во генерална смисла денеска дебатираше во Парламентот.
-Имам само едно прашање до вас, верувате ли вие во сето тоа што така убаво го прочитавте? Европски звучеше, европски го прочитавте, убави зборови, колку модерен пристап, колку ќе се унапреди и сето тоа. Господине Саздов, не знам каде живеете, овде или надвор? Не знам дали можете или не можете да ја видите реалноста. Реалноста е една и единствена, не само администрацијата што е исполитизирана до смрт би рекол, животот во Република Македонија е исполитизиран до смрт.
Макијавелизмот отиде до таму што има само една единствена цел. Како да се дојде или како да се остане на власт по секоја цена, ова е само мачкање очи, новогодишна бајка за оние дечиња, кои што навистина вложуваат огромен труд да научат и јазици и компјутери и се можно да научат и сите можни сертификати да ги научат. Но реалноста ги демантира, прво вас овде, после и нас, после и нив.
Едно величество политиката ги отвора или ги затвара можностите да влезат луѓето во таа државна администрација. Еден и единствен критериум има во Република Македонија. Политичката припадност, односно членската книшка имањето нејзино, или немањето. Се друго е бајка и се друго се празни зборови.
Сите до еден вклучувајќи ве и вас, кој доаѓате од европските земји го знаете тоа, нема човек, и заменичката министер која така убаво се потрудила сето тоа да го спакува во едно убаво пакување.
Вистината е дека овде политиката е над се и се сѐ прави во името на политиката како и сите до сега закони и овој се носи со една, единствена цел. Тие што се на власт да ги контролираат сите, да ги стават под контрола, да не случајно им се случи да избегаат надвор од контрола. И овој закон е тоа, ништо друго, изјави Вељановски.




