Гувернерот на Њујорк објави денес дека ќе дозволи употреба на марихуана во медицински цели. Со тоа Њујорк стана 21 американска држава која го омекнува своето законодавство во оваа област.
Програмата ќе стартува во 20 болници.
“Медицинската марихуана може да помогне да се намали болката во антиканцер третманот како и за други тешки болести”, рече гувернерот Ендрју Куомо кој додаде дека програмата ќе биде надгледувана за да се оцени нејзината ефикасност.
Оваа информација е дел од акцијата која станува се популарна за омекнување на законодавството за марихуаната.
Во други делови на САД законите се уште послободни. Во Колорадо корисниците на марихуана постари од 21 година можат да купат до 28 грама канабис. Вашингтон од своја страна донесе слична мерка која ќе стапи на сила на пролет.
Според анкетите 58 отсто од Американците се за легализацијата на марихуаната а 14 држави во последните години го декриминализираа поседувањето на канабис во мали количества.
Инаку Куомо се споменува како можен претседателски кандидат за 2016 година за Демократската партија.