Published: Thursday, January 9, 2014 09:37
Во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, близу Росоман животот го заггуби 38-годишниот велешанец Димче П.
Несреќата се случила околу 20:50 часот, кога засега од непознати причини се судриле автомобил „Пежо“ и Сканија. Во сообраќајката загинал совозачот во „Пежото“, Димче П., додека возачот на автомобилот , 42-годишниот Ј.Н. заработил тешки повреди и бил префрлен на скопските клиники.
Возачот на Сканијата, 56-годишниот К.Ц. заработил полесни повреди и бил префрлен во болницата во Кавадарци.
Поради тоа сообраќајот на патот Прилеп-Градско бил во прекин до доцна во ноќта.




