Европските шефови на држави и влади, денеска на редовниот пролетен самит на Европската Унија го отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, според заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на 24 март.
„Ги прифаќаме заклучоците на Советот од 25 март 2020 за проширувањето и процесот на асоцијација и стабилизација“, се вели во соопштението од денешниот самит на лидерите на ЕУ.
Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска, која е преседавач со Советот на ЕУ вечерва на твитер напиша: „Задоволни сме од потврдата за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, тоа покажува дека Еу останува насочена на своите приоритети во тешки околности“.
Лидерите имаа состанок преку видеоконференција, а главна точка на дневниот ред беше кризата со коронавирусот, неговите здравствени и економски последици и начинот на ЕУ планира да се справи со нив. Дискусијата беше насочена кон четири приоритети: сузбивање на ширењето на вирусот; снабдување со медицинска опрема, особено респиратори и маски; поттик за истражување, особено за вакцина и за социо-економските последици. Лидерите ветија дека ќе се обединат и ќе им дадат приоритет на напорите за решавање на здравствените, социјалните и економските последици на пандемијата.




