Лондон е најскапиот град во светот покажуваат податоците на објавени на сајтот Expatistan. На мапата со црвена боја се обележани светските метрополи каде трошоците за живот се највисоки, а со зелена оние градови каде животот е најевтин. Интерактивната карта може да ја погледнете овде.
Минатата година Лондон се најде на врвот на најскапи градови. Имено месечна кирија за наместен еднособен стан во Лондон просечно изнесува 4.250 долари, месечната карта за јавен превоз е 215 долари, а машка фризура чини околу 28 долари.
Од друга страна меѓу најевтините градови се рангирани Каракас во Венецуела, па Калкута, Хидерабад, Пуна и Мадрас во Индија.
Како што пушива Business Insider во споредба со животот во Лондон во Каракас се живее за 1000 пати поевтино. Од регионот Загреб се најде на 131 место.
Рангирањето е извршено со споредбена анализа на цената на сместување, облеката, превозот, лековите, храната…
Ова се десетте најскапи градови на светот:
1. Лондон, Велика Британија
2. Осло, Норвешка
3. Женава, Швајцарија
4. Цирих, Швајцарија
5. Њујорк, САД
6. Лозана, Швајцарија
7. Сингапур, Сингапур
8. Париз, Франција
9. Сан Франциско, САД
10. Копенхаген, Данска