Published: Thursday, January 9, 2014 11:50
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа, во 23.19 часот, регистрираа земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 40 км западно од Скопје и потекнува од тетовското епицентрално подрачје, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.




