Published: Thursday, January 9, 2014 13:25
Опозицијата ќе гласа против најновиот предлог-закон за медијација, рече од собраниската говорница Цветанка Иванова од СДСМ.
Таа истакна дека работничките права се табу тема за оваа власт, бидејќи се носат закони на штета на работниците.
„Со ова законско решение се предлага мирно решавање на работничките спорови но власта не создала орган пред кој ќе се решаваат тие спорови и затоа можат да траат во недоглед“, истакна Иванова
Таа ги посочи примерите од соседните земји Србија и Црна Гора каде независни агенции посредуваат во решавање на работните спорови, зошто- за да не се меша владата секаде.




