Published: Thursday, January 9, 2014 16:03
Во Државниот архив на Хрватска се наоѓа список на сите затвореници во Голи оток.
Се работи за 16.101 затвореници, од кои во логорот животот на различен начин го загубиле 413 лица, од кои најмногу Срби, Црногорци и Хрвати, но и Македонци.
Во сите земји кои настанаа по распадот на Југославија, децениски проблем претставуваше да се открие вистинскиот број на луѓе кои од 1949 до 1956 година поминале низ концентрационите логори.
Шпекулациите со бројот на уапсени и мртви често беше дел на актуелни и идеолошки препукувања, особено од средината на 80-тите години па до ден – денес, пишува „Новипламен“.




