– Регулаторната комисија за енергетика одлучи во 2014 година, да го зголеми процентот на зафаќање, што го има од компаниите чија дејност ја регулира. И тоа во однос на финансискиот план за 23.52%, односно во однос на реализираните од 18.08%. Иако законските обврски зборуваат за, ако го погледнеме извештајот, финансиски, ако погледнеме она што го пишува и од страна на мислењето на Владата.
– Овие нови зафаќања и зголемениот процент на зафаќања од компаниите нуди опасност да компаниите чија што дејност е регулирана, да ја зголемат цената на енергенсите, која што ја нудат за граѓаните, рече во своето излагање пред пратениците пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули, по Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2014 година.
– Регулаторната комисија за енергетика одлучи во 2014 година, да го зголеми процентот на зафаќање, што го има од компаниите чија дејност ја регулира. И тоа во однос на финансискиот план за 23.52%, односно во однос на реализираните од 18.08%. Иако законските обврски зборуваат за, ако го погледнеме извештајот, финансиски, ако погледнеме она што го пишува и од страна на мислењето на Владата, смета Макрадули.
Според него овие нови зафаќања и зголемениот процент на зафаќања од компаниите нуди опасност да компаниите чија што дејност е регулирана, да ја зголемат цената на енергенсите, која што ја нудат за граѓаните.
– Од друга страна, иако количината на испорачана, на пример, топлинска енергија, утврдена за поедините оператори како што е Балкан Енерџи Груп. Барањето да испорачува поголема топлинска енергија во градот Скопје, односно да испорачува поголема топлинска енергија како количина да работи после одлуката на Регулаторната комисија. Наместо до 21 часот, до 23 часот, Регулаторната комисија ја одби, со што остави на Балкан Енерџи Груп дали тоа ќе го направи од сопствениот профит или граѓаните ќе треба дополнително да ги изложи на трошок. Односно после 21 часот особено тие што имаат повозрасни лица или помали деца да уклучуваат клими или други работи. Со тоа да создадат трошок на семејствата, дополнителен во Република Македонија.
– Јас би бил среќен кога овој поголем надоместок кој што би се добил од компаниите, чија дејност се регулира, се рефлектира во проекти кој што се во интерес на граѓаните. Но, ако ги погледнеме каде ќе се дадат повеќето пари, тие ќе се дадат за други лични примања на вработени, јубилејни награди. Не знам зошто и тие се зголемени за 252%. Закуп на стан за член на Комисија 106% е зголемен. Осигурување на моторни возила и патничко осигурување зголемен за 70% во однос на минатата година. Осигурување на опрема за 60%. Адвокатски и други правни услуги за 68% зголемени. Значи не се расходите коишто се планирани, не се на работи кои се од едукативен карактер, од стимулација на одржливи извори на енергија, од начини на штедење. Туку се лично за вработените во институцијата и членовите на Регулаторната комисија за енергетика.
– Зошто не дозволивте да испорачаната количина на топлинска енергија биде после 21 часот, односно до 23 часот, особено во изминатите денови кога без разлика на дневните температури, кога навечер е доста ладно?, параша пратеникот на СДСМ.




