Два нови смртни стручаи од коронавирусот. На инфективната клиника утрово почина момче на 31 годишна возрат од Скопје на кое вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол во најтешката форма на болеста позната во литературата, со внатрешно крварење и распад на белите дробови. Вториот починат пациент е возраст од 91 година. Со тоа во државата има шест починати од Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Тој беше хоспитализитан на 23 март, имал прекумерна тежина. Неговата клиничка слика беше тешка, со уште подрастичен тек на влошување на состојбата, интубиран, поставен на респираторна машина, во текот на вчерашниот ден, попладнето, меѓутоа, во текот на претпладнето, денеска тој, за жал почина“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Немаше детално објаснување за тоа како се заразил со Ковод 19, ниту дали примал од новата терапија која им се дава на пацинетите на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа регистирани се 18 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во овој момент е 259. Двата последни случаи биле регистрирани во текот на прес конференцијата на министерот Филипче.
„На инфективната клиника примени се тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментот хоспитализирани се вкупно 49 пациенти, седум се со потешка клиничка слика, пневмонија, воспаление на белите дробови. Во овој момент нема пациенти кои што се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата“, рече Филипче.
Министерот рече дека двајца од пациентите во Скопје и на второто тестирање излегле негативни, а уште пет други по вторпат ќе бидат тестирани утре.
„Во период од два до три дена потенцијално ќе може седум пациенти да бидат пуштени на домашно лекување, но по стигнување на тестовите и повторната евалуација на нивната клиничка состојба, без разлика што два теста може да се негативни, ќе биде одлучено како ќе биде продолжено лекувањето“, рече Филипче.
Тој соопшти дека утре ќе биде разрешена директорката на болницата во Охрид каде што не била примена на лекување пациентката од Струга која што потоа почина. Филипче најави истрага за целиот случај и ги повика надлежните институции целосно да си ја завршат работата во врска со овој случај.
Во Заводот за рехабилитација во Козле, резултатите од тестовите ќе бидат готови утре или во вторник, по што институцијата ќе функционира само амбулантски. Кожната клиника од утре ќе започне да функционира, таму се прават последните тестови по што ќе започне со работа.
На прашање на НОВА, дали слепите физиотерапевти кои имаат директен контакт со пациентите, без можност да користат ракавици при масажа што се покажа и во случајот со заболениот пациент од Тетово, мора да одат на работа во вонредна ситуација во која тешко се снаоѓаат, а се врзани и со асистенти, министерот одговори дека постои можност да се реши тој проблем.
Од утре започнуваат да функционираат уште два пункта во Скопје тоа се поликлиниките во Чаир и Млин Балкан каде што ќе се тестираат пациенти со претходно закажување од матичен лекар. Направен е и план за лекари кои ќе бидат на „стен- бај“доколку се појави наплив од повеќе заболени пациенти. Комисијата за заразни болести направила увид во лабораториите кои ќе можат да ги вршат тестовите и од утре се приклучува и Ветринарниот институт со по 30 теста дневно.
„Досега се направени 1800 тестови во ИЈЗ, заедно со двете приватни болници вкупно 2700 тестови. Инфективната клиника е исполнета скоро половина и во неа има место за сместување на уште пациенти, така што засега нема потреба да се сместуваат во болницата „8 Септември“. рече Филипче.
Филипче апелираше да не се стигматизираат луѓето кои се сместени во карантин бидејќи тоа се здрави луѓе, претходно прегледани, сместени во добри услови , во изолација и дека тие не се никаква опасност за населението.