Published: Monday, March 30, 2020 10:21
Епидемијата покажува знаци на забавување во Велика Британија смета Нил Фергусон, еден од клучните советници во британската влада.
„Сметаме дека интензитетот на епидемијата се намалува во Велика Британија“, рече Фергусон во интервју за радио Би-Би-Си. Тој рече дека околу 40 проценти од луѓето заразени со вирусот немаат никакви симптоми и додаде дека можеби 2 до 3 проценти од популацијата на Велика Британија веќе биле заразени. Но, тој исто така рече дека податоците сè уште не се доволно добри за цврсти екстраполации.
Фергусон, исто така, најави дека тестовите за антитела може да бидат подготвени за употреба во наредните денови.
Во Велика Британија се регистрирани 19.000 инфицирани од вирусот од кои 1228 починале.




