ДУИ го зацврстува ставот за консензуален кандидат за претседател на два месеца пред изборите.
Според генералниот секретар на партијата, на последниот состанок на Централното претседателство на партијата, одржан по празниците, главна тема биле токму претседателските избори, а ДУИ ќе иницира нова пракса во иднина – консензус во одлучувањето за сите поважни политички прашања. Тие дефинтивно не го поддржуваат Ѓорѓе Иванов.
– Предлогот на ДУИ е уцена за македонските политички партии. Според него, ваква пракса би значела само продавање на македонските национални интереси за албанските гласови, вели лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, кој пред неколку месеци ја објави својата кандидатура, подготовките за претседателските избори се во тек, но голема пречка, вели тој ќе биде собирањето потписи затоа што Државната изборна комисија има само 34 места на територија на цела држава.




