Published: Friday, January 10, 2014 09:14
Бугарскиот министер за надворешни работи, Кристиан Вигенин денеска пристигнува во работна посета на земјава.
Со неговиот домаќин, македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Поповски ќе разговараат за билатералните проекти во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување.
Министерот Вигенин во дипломатската академија на Министерството за надворешни работи ќе има и обраќање на тема: „ЕУ и Западниот Балкан: предизвици во 2014 –та“.
Вигенин ќе се сретне и со собраниската група за пријателство со Република Бугарија.




