Македонското знаме се развиори покрај 29 други знамиња на земјите членки на НАТО пред седиштетона Алијансата во Брисел.
На свечената церемонија присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на постојаната мисија на С. Македонија во НАТО, Зоран Тодоров. Македонското знаме истовремено е подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме преку видео врска во Скопје ја следеа и членовите на македонската влада на чело со техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека ова е историски момент за нашата држава на која и поска добредојде во земејството од 30 држави.
„Триесет знамиња сега ќе се веат заедно, симбол на нашето единство и солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија. Доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Во најдобриот дух на Алијансата и вистинска политичка храброст и амбиција, Северна Македонија и Грција постигнаа компромис поврзан со проблемот со името, рече Столтенберг.
Тој рече дека придржувањето на земјата во НАТО е добро за стабилноста на Западен Балкан и меѓународниот мир и безбедност.
„Исто така сакам да ја поздравам одлуката на Европската Унија за отпочнување на преговори со Северна Македонија. Тоа е знак дека земјата е подготвена да го заземе своето место во Евроатлантското семејство“, рече тој.
Шефот на постојаната мисија на Македонија во НАТО, Зоран Тодоров, порача дека „ова е историски ден за НАТО, историски ден за сите граѓани на Северна Македонија“.
„Тука сме пред седиштето на НАТО. Стоиме цврсто и стабилно пред со сите сојузници. Нашето знаме се виори со другите 29 знамиња. Со членството во НАТО нашата иднина ќе биде стабилна, просперитетна. И ние ќе носиме одлуки во рамките на најсилната и најефикасна Алијанса во историјата на човештвото. НАТО не е само за наша заштита и безбедност. Како мала земја тоа е најважно. Но членството исто така е гаранција за заштита на демократските вредности на модерната заадна демократија“, изјави Тодоров.
Според него ова претставува триумф на три интегрални сегменти – надворешната политика и професионалната дипломатија, Армијата и мудрата сеопфатна одбранбена политика.
„Над се ова е трумф на целото македонско општество, на сите граѓани на нашата држава“, рече Тодоров.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски од седиштето на Владата им го честиташе успехот на македонските граѓани.
„Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја. Знамето на Македонија се развиори во кругот на семејството сојузници. Патот беше долг, но наградата е заслужена. Бидете горди мои сограѓани. Ние денеска водиме битка со короната, но за момент ќе одвоите време и да се израдуваме“, рече Спасовски.
Последните три години, додаде тој, спроведовме сериозни реформи и ги направивме клучните ќекори кои не донесоа до полноправно членство во НАТО. „Бидете уверени дека ќе ја победиме и короната и ќе бидеме дел од ЕУ“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека Македонија ќе биде сојузник од кој сите ќе може да очекуваат помош. Нагласи дека им е благодарен на сите кој постигнале многу овој ден, а посебна благодарност упати до екс премиерот Зоран Заев.






