Според новиот Закон за територијална поделба кој е во подготовнка и треба да стапи на сила за локалните избори во 2015 година, албанската Влада ќе ја укинува општина Пустец. Се работи за драфт-верзија на Законот за територијална поделба до кој дојде Весникот Македониум.
Според драфт-верзијата, законот кој го спрема работната група на албанската влада предводена од Бленди Чучи, државен министер за локална самоуправа, се предвидува општина Пустец во областа на Мала Преспа, која е населена со чисто македонско население, да се спои со неколку албански општини.
Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 илјади жители.
Припојувањето на општина Пустец со албанските општини не е во интерес на Македонците во општина Пустец, бидејќи во новата оптштина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата оптштина која ќе биде раководена од градоначалник Албанец и советот на општината сочинет од Албанци, ќе го раздадат општинското земјиште која се наоѓа на брегот на Преспанското езеро, на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население. Ова општина и не би била функционална за Македонците во општина Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40-на километри до седиштето на новата општина, пишува Македониум




