На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, информираат од Министерството за здравство. Со ова бројот на починати изнесува 9 лица.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.
По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп – 1
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје- 176
- Дебар – 47
- Куманово – 47
- Штип- 15
- Тетово – 8
- Прилеп – 10
- Струга – 7
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Крива Паланка – 1
- Струмица – 1
- Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.




