*Австралиската „Куантас“ е на врвот од рангирањето врз основа на ниеден смртен случај од почетокот на ерата на авионите
Објавена е листа на најбезбедните авио-комании. На врвот на рангирањето од „AirlineRatings“ за 2013, се најде автралиската „Куантас“.
Компанијата е наградена со седум ѕвездички, а во неа се вели дека нема забележано смртни случаи од самите почетоци во 1950 година.
Други авио-компании кои го уживаат рангирањето со седум ѕвездички, и се наоѓаат во листата на 10-те најбезбедни авио-компании се „Ер Нов Зеланд“, „Ол Нипон Ервејс“, „Катеј Пацифик Ервејс“, „Емирати“, „Итихад Ервејс“, „Ева Ер“, „Ројал Џордан“, „Сингапур Ерлајнс“ и „Вирџин Атлантик“.
Според Мрежата за безбедна авијација, бројот на смртни случаи минатата година е на рекордно ниско ниво.
Од сите 448 авиокомапнии кои се содржани во „AirlineRatings“, 137 имаат добиено по седум ѕвездички.
*„Сингапур Ерлајнс“ е исто така во Топ 10
*Седиштата за економската класа на Боинг 787 на „Сингапур Ерлајнс“
*Авганистански „Кам Ер“ е една од трите авио-компании на кој и е доделено неславно рангирање со една ѕвездичка
*„Лајон Ер“ на Индонезија доби две ѕвезди: на сликава е покажан Боинг 737 во водите по неуспшено слетување
*Африка е уште еднаш најопасниот континент за воздухопловство во 2013 година, но најлошата несреќа се случи со „Татарстан Ерлајнс“ Боинг 737 во Казан, Русија, во кој загинаа сите 50 патници
Извор: CNN