Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ситуацијата е сложена, но засега нема потреба од поригорозни чекори

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2020 18:37

Ситуацијата останува сложена, а сите натамошни сценарија се оптоварени од главната непозната, а таа е колку ќе трае пандемијата. Во моментов адекватна е поставеноста на државата и ефективна е соработката меѓу надлежните служби во справување со ситуацијата. Стриктно се спроведуваат препораките на СЗО и со мали исклучоци, мерките се почитуваат од граѓаните, изјави шефот на државата Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност посветена на вонредната состојба за Ковид- 19.

Во мометнов нема потреба од поригорозно ограничување на движењето, бидејќи, како што рече Пендаровски, со ова ниво на мерки се постигнуваат добри резултати.

„Не разгледуваваме воведување на поригорозни мерки, затоа што во моментот нема потреба од тоа. Земјава во однос на тестираните, заразени и починати не е под нивото на земји членки на ЕУ, па дури е и понапред во позитивна смисла“, рече Пендаровски.

Најногу страда еконимијата, порача тој. Потребни се серија мерки и одговорни чекори, а прибегнување кон најрадикални решенија ќе има само во крајна нужда. Ова беше четврти состанок на Советот за безбедност посветен на предизвиците со коронавирусот, а до истекот на вонредна состојба ќе има уште најмалку една седница.

„Тешките денови не се зад нас. Апелирам да бидеме смирени, одговорни и солидарни, излегувајте од  дома само кога е неопходно“, рече Пендаровски.

Одговарајќи на новинарски прашања тој рече дека ја поддржува одлуката на Владата сите државни функционери, меѓу кои е и тој, во следните два месеци да земаат минимална плата, додавајќи дека бил против предлогот на минималец да оди целиот јавен сектор.

„Сметам дека мерката да земаме 14.500 денари плата во следните два месеци, е добра мерка. Сметам дека сите носители на државна функција треба да покажеме солидарност во следните месеци. За економијата периодот ќе биде многу тежок. И не само овие два месеци, се разбира доколку биде неопходно мерката и да биде продолжена“, рече Пендаровски, нагласувајќи дека доколку Владата предложи укинување на целиот паричен надомест за именуваните функционери тој таа мерка ќе ја поддржи.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска,  заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, не присуствувал поради здравствени проблеми. На состанокот била дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.