Капитенот на ракометната репрезентација и член на Барселона, Кире Лазаров, е прогласен за најдобар спортист за 2013 година во изборот на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Лазаров доби повеќе гласови од националните спортски федерации и од медиумите во конкуренција на кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев и на каратистот Дејан Недев и така по втор пат го доби „Спортскиот Оскар“.
За најдобра спортистка во овој избор беше прогласена ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ, Билјана Црвенковска.
Најуспешна репрезентација во машка конкуренција е кугларската репрезентација на Македонија, додека во женска, признанието го добија ракометарките. Најдобар селектор е Драган Атанасовски (кик-бокс).
Најдобар млад спортист е каратистот Берат Јакупи, додека најдобра млада спортистка е тенисерката Лина Ѓорчевска.
Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет е Андреј Стојановски, а за најдобра федерација е прогласена Ракометната федерација на Македонија.




