„Добрососедските односи се клучни теми од кои зависи дали државата ќе почне преговори за членство со Европската унија или не. Наш интерес е Македонија најбрзо што може да стане членка на Европската унија, и затоа учествуваме во разговорите за договор за добососедски односи“, рече бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин.
Тој истакна дека Бугарија ќе продолжи со дијалогот за договорот за добососедски односи што претставува вистинско решение за проблемите.
„Дијалогот е многу важен, но потребно е да се покажат и конкретни резултати. Се надевам дека наскоро е ги имаме тие конкретни резултати кои ќе отворат нов вид соработка за сите прашања. Бугарија ја поддржува Македонија, и се надеваме дека бргу ќе може да ги отпочнете преговорите“, изјави Кристиан Вигенин, МНР на Бугарија.
Шефот на дипломатијата на Република Македонија, Никола Поповски не посочи дали има конкретен напредок во преговорите за договорот за добрососедство со Бугарија. Само потврди дека разговорите се водат и дека и двете земји се внимателни кон чувствителните прашања.




