Тројца лица се уапсени, издадени се седум потерници за апсење и дваесет и пет обвинети- ова е резултатoт на неколкумесечната судска истрага за случајот на незаконско земање заеми од Постбенк (Postbank) кои беа иницирани од текстови објавени во медиумите, јавуваат грчките медиуми.
Минатата ноќ полицијата во Атина и Солун уапси тројца мажи на возраст од 47 , 48 и 75 . Меѓу обвинетите се наоѓа бизнисменот и сопственик на Алфа ТВ Димитрис Кондоминас, чија соба во болницата веќе е чувана од страна на полицајците и поранешниот прв човек на банката Ангелос Филипидис. Кондоминас е познат и на македонската јавност, по неговите бизнис-зделки.
Истрагата започна на 3 јуни 2013 година по налог на обвинителот за случаи на корупција на Елени Раикоу, а спроведени од нејзиниот асистент Попи Папандреу. Според извештајот презентиран на крајот на предистражната истрага, 25 обвинети ќе мора да ја преземат одговорноста за следниве обвиненија:
– Измама против државата – извршени под особено отежнувачки околности. Според Кривичниот законик, специфично кривично дело за сторителот е кога има бенефиции од предмет со висока вредност и кога загубата од страна на државата го надминува износот од 150.000 евра.
– Повеќе измами чиј резултат е материјална штета која надминува износ од 30.000 евра.
– Соучество во измама.
– Легализација на приходи од нелегални активности (перење пари).
– Соучество во перење пари според отежнувачки околности опишани во посебен дел од законот, кој се применува во случаи кога сторителот е вработен во банката.
После индискиот бизнисмен Субрата Рој, Гркот Димитрис Контоминас е втор случај странски инвеститор во Македонија во последниве години да биде осомничен за криминал.




