Компанијата Визарис Белград најави тужба за клевета и невреда пред надлежните судови, со цел да го заштити својот углед откако политичката партија СДСМ денеска изнела полувистини за компанијата Визарис МКД која е изложена на јавен напад поради тоа што новинарката Ивона Талевска е ќерка на нашиот партнер во Македонија, Лимба Талевска, соопштуваат од команијата.
СДСМ: Ивона Талевска партнер на власта во бизнисот со здравство
Еве ги деталите од нивното соопштение:
– Компанијата Визарис Белград е компанија основана за производство и промет на здравствена опрема и информациони системи во здравството, со канцеларии во Лондон, Белград и Скопје, а настапуваме на сите пазари на Европската унија, Велика Британија и Блискиот Исток.
– Визарис МКД е само една од нашите компании кои се грижат за пласман на високо- техношка медицинска опрема и информациони системи во здравството.
– Визарис МКД е една од високо-технолошките компании кои учествуваше на тендер за набавка на опрема за дигитални рентген апарати, дигитална pacs архива, дијагностички работни станици, пратечка опрема и информациони системи за потребите на Министерството за здравство. Тоа е опрема каква за прв пат, како технологија, станува присутна во Македонија.
– На јавниот повик на Министерството за здравство документација подигнаа вкупно 7 компании, од кои на јавното отворање на понудите учествуваа три компании: Висарис МКД со понуда од 1.416.986 евра со ДДВ Шимадзу со понуда од 1.699.000 евра со ДДВ и Кубис Медикал понуди највисока цена (сите работат со слична медицинска опрема) а условите ги испонија само две компании со најниски цени: конзорциумот преставуван од Висарис МКД
и Шимадзу кои потоа учествуваа во електронската аукција.
– Крајната цена на електронската аукција за набавка на медицинска опрема, софтвер, сервис и обука за период од 4 години со одложено плаќање е 1.019.502,71 евра, што значи дека на истата Висарис МКД понуди цена за околу 350.000 евра пониска од стартната цена утврдена при јавното отворање на понудите, се вели во соопштението од омпанијата Визарис Белград.
Тие сметаат дека во настапот на партијата СДСМ пред јавноста, изнесени се невистини и конструкции, а она што е факт е употребено како квалификација и навреда. Компанијата Визарис не сака да биде дел од политички и партиски планови и манипулации, од каде и да доаѓаат намерите за тоа.




