Потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19, во изминатите 24 часа , со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, информираат од Министерството за здравство.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 195
- Куманово – 62
- Дебар – 47
- Штип – 15
- Прилеп – 21
- Тетово -13
- Струга – 9
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Гевгелија – 2
- Струмица- 1
- Крива Паланка – 2
- Кочани – 1
Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.
Министерот Венко Филипче најави дека сите 50 лица кои се покажале позитивни на КОВИД-19 во Систина ќе мора задолжително да направат тестови и во Институтот за јавно здравје.
“Во однос на информациите за пациенти со тестовите од болницата „Систина“, сакам да кажам дека постои стручно мислење од Комисијата за заразни болести којашто ги прати препораките од Светската Здравствена Организација, а тоа е дека за позитивен пациент којшто се регистрира како заболен е пациент којшто ќе направи тест и истиот ќе биде позитивен на присуство на вирусот. Тестовите на антитела само поставуваат сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа кај сите коишто ги прават тие тестови мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот за да тоа значи да се потврди или не болеста односно носителството на вирусот и врз основа на тоа да се влезе во регистарот на заболени во нашата земја, и не само во нашата земја тоа е критериум по којшто се регистрираат пациентите во светот согласно препораките на Светската Здравствена Организација“, информираше министерот Филипче.
Став на Комисијата за заразни болести по препораки на СЗО е дека тестовите кои се прават во Систина се само сомнеж дека имало болест и затоа секој што направил тест во оваа болница, задолжително мора да се тестира уште еднаш со тест за дијагностика во ИЈЗ, беше кажано на прес конференцијата.




