Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во кумановската болница се праќа помош од двајца лекари-заболен техничар на Инфективна

0
By Менче Атанасова Точи on April 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2020 18:18

Откако во кумановскота болница се регистрирани 11 здравени работници позитивни на коронавирус, инфективното одделение добива помош од двајца лекари, едниот од Скопје , другиот од Штип. И на Инфективната клиника е заболен медицински техничар. Министерот Филипче не соопшти колкава е бројката на заболени медицински лица досега 

Единаесет здравствени работници во кумановската болница и еден ренген техничар од Инфективната клиника од Скопје се позитивни на коронавирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Инфективното одделение практично не може да функционира и таму се праќаат двајца лекари, еден од Скопје и еден од Штип. На Инфективната клиника во Скопје се уште трае епидемилошката анкета, се испрашуваат сопругата и семејството, како дошло до тоа да заболи вработениот со оглед на тоа што медицинските лица таму, кои имаат контакт со заболените се добро заштитетни.

„Има потврдени случаи во кумановската болница, како и на Инфективната клиника. Во Куманово имаме 11 потврдени случаи позитивни на коронавирусот, оваа бројка ја загрозува работата на Инфективното одделение, поради тоа двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја оддржуваат работата на ова одделение. Во овој момент бидејќи има заболени и на оделението за рентген и општи лекари се уште траат епидемиолошките анкети, врз основа на тоа ќе се реорганизира работата во болницата“, рече Филипче.

Тој појасни дека се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што, како што рече, има повеќе позитивни лица од уште две одделенија за рендген дијагностика и во делот на општите лекари кои ја покриваат дежурната служба.

„Врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија. Заради ова денеска како и вчера на одреден број нови дијагностицирани случаи во Куманово, денеска се дискутираше на Комисијата за заразни болести и Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час што ќе трае сега за викенд од вечерва 21 часот до понеделник 5 часот. Значи, целосно ќе биде ограничено движењето за време на викендот, а во работните денови почнувајќи од понеделник ќе биде како за време на викенд, односно наместо од 21 од 16 часот до 5 часот следниот ден“, изјави Филипче.

Тој појасни дека првиот заразен лекар во кумановската болница е всушност заразен од пациентката што почина. Но, сега вече вирусот циркулира меѓу населението, асимптоматски, така што мерките кои с е воведуваат во Куманово се соосема соодветни.

Филипче потврди и дека има два нови смртни случаја на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и вкупно 46 нови случаи на заболени од коронавирус во изминатото деноноќие. И двајцата починати имале сериозни здравствени проблеми. Филипче рече дека тројца пациенти се испишани и одат на домашно лекување.

„Едниот починат пациент, чиј резултат од тестот за ковид-19 се чека, е од Куманово и е на 70 годишна возраст. Тој имал  хронични болести, хипертензија и срцева слабост. Вториот, пак, е од село од околината на тетовско на возраст од 68 години кој имал артериска хипетензија“, рече Филипче.

Истакна дека ДСЗИ биле во лабораторијата во болницата „Аџибадем Систина“, каде им било соопштено дека тестовите кои се прават таму мора да бидат потврдени уште еднаш во ИЈЗ.

Според информациите на НОВА сите директори добиле допис со задолжение да направат список од специјализанти кои ќе дежураат по 24 часа во карантините одредени од државата. Филипче одговори дека тоа е точно и дека специјализантите можат да понесат одговорност во ваков случај бидејќи таму се здрави луѓе.

Министерот Филипче, не одговори на двете поставени прашања на НОВА, исто како и на претходната прес конференција, селективно, а прашањата беа суштински. Едното би дало патеки на работење на матичните лекари кои незаштитени (само со хируршка маска и ракавици) одат во домовите да даваат ампуларна терапија. При тоа постои опасност да го  пренесат вирусот на пациентот кој се лекува од сосема нешто друго или пак тие да се заразат доколку таму има заболено лице.

Филипче не одговори ниту како ќе се постапи во Центарот за јавно здравје во Кочани каде едно лице е во изолација, а се чекаат резултати за член од семејството. Дали сите 35 вработени ќе одат во изолација.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.