Што и да правиш во моментов, застани. Застани и внимавај. Еве ти ја шансата.
Замисли се разбудиш утре и сè е онака како што очекуваш. Знаеш точно што си и кој си.
Знаеш каде припаѓаш и кому му припаѓаш.
Парите веќе не ти се проблем. А и здравјето. Па нели парите се пола здравје?
Немаш зошто да се грижиш. Сè она за кое си се борел било искрено и се остварило.
Имаш неограничени можности. Можеш да бидеш кој сакаш и што сакаш. Кој смее да ти рече не?
Нема кој да ти оди контра. Немаш ништо на патот. Чисто е.
Имаш свое јас. Имаш изградено име.
И не само име. Имаш и имиџ. Препознатлив.
Замисли? Ајде сега полека расони се. Казна за дремење пред монитор е 4500 денари. Изборна година е. Секој мора да помогне по малку. Дојдовме по твоето. Карма брат.