Евидентиранни се 164 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122 лица, опоменати се две лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголем дел од непочитувањата се евидентирани на територија на СВР Скопје, потоа следуваат СВР Струмица и СВР Куманово, каде на сила е целосниот викенд карантин. Поточно, во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење. Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.
Оваа информација на својата фејсбук страна ја објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој информираше дека на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не се придржуво до мерките за изолација и самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 57 лица, информираше Чулев.
Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење. Преземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.




