НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се активираат капацитети, се заоструваат мерки-влегуваме во втора фаза на епидемијата

0
By Менче Атанасова Точи on April 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 52 медицински лица се заболени од коронавирусот, 34 од нив се заразиле во болнички или амбулантски услови. Филипче апелира до здравствените работници да внимаваат и да го чуваат своето здравје, бидејќи од нивното здравје зависи и здравејто на нацијата

Се активираат капацитетите, влегуваме во втора фаза на епидемијата кога ќе расте бројот на заболени кој се очекува до крај на април да достигне до 2000 заболени. Од утре можно е да се заострат мерките за заштита на граѓаните, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Комисијата за заразни болести ќе заседава и можно е да достави предлог до Владата за заострување на мерките. Влегуваме во втора фаза, кога ќе расте бројот на заболени и затоа порачувам на граѓаните да се избегнуваат физички контакти, тие да се сведат на минимум . Дополнителен проблем е што има асимптоматски слуачи, луѓе кои немаат симптоми кои не можат да се забележат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

За таа цел, заради тоа што се очекува да се зголеми бројот на заболени се активираат и други капацитети, иако Инфективната клиника не е искористена комплетно. Се става во функција мобилната болница пред клиниката, се активира болницата „8 Септември“ да може да прима лежечки пациенти со КОВИД-19, како и болницата во Битола која што располага со 35 кревети  со можност да станат 100 и има респиратори. Со тоа во јавното здравство засега се ставаат на располагање вкупно 400 кревети.

Филипче нагласи дека Министеровото з а здравство има посебна донациска сметка каде што веќе има собрано околу 500 000 евра, пари кои ќе се искористат за купување на маски, респиратори, медицинска опрема. Тој рече дека повторно ќе се повтори јавната набавка за респиратори.

Вкупно 52 медицински лица се заболени од коронавирусот, 34 од нив се заразиле во болнички или амбулантски услови, потенцира Филипче. Тоа се 9, 5 проценти, од вкупниот број. Таму каде што има заболени лекари се прави реорганизација се префрлаат лекари од други болници, како што е случајот со кумановската болница каде што на инфективниот оддел има еден интернист од Скопје и еден од Штип. Филипче апелира до здравствените работници да внимаваат и да го чуваат своето здравје, бидејќи од нивното здравје зависи и здравјето на нацијата.

„Апелирам да се заштитуваат здравствените работници на своите работни места, здравјето е од примарно значење, да носат заштитна опрема бидејќи од нивното здравје зависи и здравјето на нацијата“, рече министерот Филипче.

Во тој контекст на тематскиот брифинг со новинарите кој беше пред прес конференцијата беше кажано дека ќе се засилат контролите кај здравствените работници дали носат заштитна опреама, дали правилно ја употребуваат, која опрема е неопходно да ја имаат. Министерот нагласи дека има доволно медицинска опрема во залиха и дека треба да дојдат и да си ја подигнат од ресорното министертво. ДСЗИ, прави дополнителни контроли од тој аспект, исто како и контроли дали некаде има непружање на здравствена помош.

Две лица заболени од коронавирус починаа во текот на денешниот ден. Станува збор за маж на возраст од 63 години од струшко Лабуништа кој бил со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и пациент од Куманово кој починал во болницата „8 Септември“.

„Моментално на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти од кои 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, а другите пациенти се стабилни. Тројца се пуштени дома, а за четвроцица се чекаат резултати од контролните тестови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Нови 72 нови случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата. Меѓу новозаразените е и двегодишно дете кое е во стабилна состојба.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.