Бугарскиот културен клуб за денеска најави дека ќе оддаде почит на револуционерката Мара Бунева во Скопје.
Најпрвин ќе се оддржи панихида во црквата Св. Димитрија, а потоа ќе биде поставена нова плоча на кејот на Вардар на местото на претходната која лани беше искршена.
Ликот и делото на Мара Бунева неколку пати доведе до конфронтации меѓу македонските и бугарски организации.
Овие собири во Скопје секоја година предизвикуваат незадоволство и контрапротести на Македонци.
Македонската полиција ќе ги преземе сите неопходни мерки во зависност од тоа до какви сознанија ќе дојде за најавениот настан, соопштува МВР, како што јавува 24 вести.
Бугарските медиуми најавуваат дека денеска во земјава ќе пристигнат околу 200 лица од Ќустендил, Софија, Дупница и Босилеград кои ќе учествуваат на поклонувањето пред новата спомен плоча на кејот на Вардар




