Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законски измени за еднаква положба на граѓаните пред судовите

0
By Нова ТВ on January 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 12, 2014 15:25

Владата на минатата седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Кривичниот законик со кои се дава правен основ во македонското законодавство за почеток и спроведување на една голема, суштинска и значајна реформа во правосудниот систем која ќе резултира со носење на Правилник за начинот на одмерување на казните врз основа на кој во иднина ќе одмеруваат и изрекуваат кривичните санкции од страна на судиите”, изјави денес портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Низ повеќе анализи било забележано дека има сериозни аномалии и недоследност во одмерувањето и изрекувањето на казните од страна на судиите и судовите, и кои наметнаа неколку заклучоци, рече тој додавајќи дека тоа се нееднаквост на изречените кривични санкции во зависност од тоа каде се одвива судската постапка, кој суд суди и кој судија суди а освен тоа и досудената просечна казна во предметите се наоѓа многу под долната граница на опсегот(интервалот) на предвидената казна пропишана со закон.

Како илустрација тој сподели дел од направените анализи. “За кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори биле анализирани 50 пресуди. За ова дело предвидената казна се движи од 0 до 180 месеци. Просечната казна која е изречена е 14 месеци, за кривичното дело тешка кражба предвидената казна се движи од 0 до 180 месеци. Просечната казна која е изречена е 10 месеци. За кривичното дело загрозување на безбедноста во сообраќајот предвидената казна се движи од 0 до 60 месеци. Просечната казна која е изречена е 1, 2 месеци. За кривичното дело Кражба предвидената казна се движи од 0 до 36 месеци. Просечната казна е 1, 3 месеци”, наброја портпаролот.

Тој рече дека анализите покажуваат дека за кривичното дело тешка кражба апелационите судови во Гостивар и Штип изрекувале два пати помали казни од апелационите судови во Скопје и Битола, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување просечната казна која се изрекува во Гостивар е три пати пониска од просечната казна која се изрекува во Штип, за кривичното дело загрозување на безбедноста во сообраќајот во судовите во Скопје и Штип се изрекуваат затворски казни, а во Битола и Гостивар не се изрекуваат затворски казни, за кривичното дело кражба просечната казна во скопското апелационо подрачје е значително повисока од просечните казни кои се изрекуваат за истото дело во Битола, Гостивар и Штип.

“Заради надминување на наведените слабости се наметна потребата од креирање инструменти за воедначување на казнената политика при изрекувањето на казните во сите судови во државата. Беше проценето дека ова ќе биде постигнато со донесување на Правилник за начинот на одмерување на казните, кој што Правилник претставува централна тема на ова реформа. За овој пристап и реформа во подолг период се правеа консултации на Владата, Министерството за правда, судовите и обвинителството и се заклучи дека ваквиот пристап е најсоодветен и ја има поддршката од сите субјекти во сферата”, рече Ѓорѓиев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.