Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора станува место опасно за живеење

0
By Нова ТВ on January 12, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 12, 2014 17:58

Во Црна Гора деновите следат и трагично личат еден на друг: напад со бомба во весникот Вјести, агресија врз Лидија Никчевиќ новинарка на Дан во центарот на Никшиќ… ЕУ ги осудува овие напади но продолжува да ја смета владата на Ѓукановиќ како добар партнер.

На неколку дена пред Нова Година една експлозивна направа експлодираше во бирото на уредникот на Вијести Михајло Јововиќ. За среќа, немаше жртви. Неколку недели претходно три лица со маски на главите фрлаа камења врз редакцијата на Вијести. Тоа се случи на два пати во текот на еден месец. Неидентификувано лице исто така фрлаше камења на телевизијата Монтена. “Ситуацијата е таква што вработените од телевизијата треба да се благодарни кон напаѓачот бидејќи, според црногорските стандарди камењата, кои не се бомби, се еден вид подарок”, со иронија пишува писателот Андреј Николаидис.

Пред пет месеци експлозивна направа беше активирана пред куќата на новинаротна Монитор Туфик Софтиќ кој што веќе беше брутално нападнат поради текстови напишани во весникот за шверцот на оружје на северот на Црна Гора.

Пред 20 месеци Оливера Лакиќ беше жртва на насилен напад по објавувањето во Вијест за серија текстови за илегалната фабрика за тутун во Мојковац. Оваа новинарка е под полициска заштита заради заканите што ги добива.

Градоначалникот на Подгорица Миомир Мугоша нападна новинар и фотограф на Вијести уште во 2009 година додека тие ја вршеа својата работа.

Нарачателите на овие напади никогаш не беа пронајдени и најверојатно нема никогаш да бидат најдени. Каде оди оваа земја која ги отвори поглавијата 23 и 24 во преговорите со ЕУ? Дали една земја со вакво однесување навистина ги заслужува ловориките од Брисел и претендира да биде “регионален лидер во европската интеграција”?

Небојша Медојевиќ, еден од лидерите Демократскиот фронт во опозиција, смета дека ЕУ носи еден дел од одговорноста за оваа ситуација: “нејзиното однесување кон режимот во Подгорица ги охрабрува напаѓачите да вршат вакви дела и ги охрабрува да продолжат на спроведуваат терор”.

Се разбира, Делегацијата на ЕУ во Црна Гора и амбасадорите на европските земји остро ги напаѓаат ваквите напади и бараат “итна и ефикасна” истрага. Така беше за сите претходни инциденти кои ги имаше десетици. Најдраматичните инциденти се убиството на уредникот на Дан Душко Јовановиќ во 2004 година и нападот на директорот на Вијест Жељко Ивановиќ три години потоа.

Овие весници, како и неделникот Монитор, кои не се под контрола на власта, сметаат дека премиерот Мило Ѓукановиќ и неговотоо опкружување се директно поврзани со овие напади. “Мислам дека највисоки сфреи на власта се директно вовлечени во овие напади бидејќи, ако тоа не беше случај, тие одамна ќе беа решени”, смета директорката на Монитор Милка Тадиќ-Мијовиќ.

Ѓукановиќ, неговите блиски соработници и соучесници како Владимир Беба Поповиќ никогаш не штеделе критични зборови кога зборувале на независните медиуми. Ги нарекуваат “стаорци и лебарки” тврдејќи дека “дератизацијата би била неопходна”. Тие создадоа атмосфера на страв фаворизирајќи послушните медиуми. Од друга страна, извртувајќи ги вредностите, тие не се колебаат да ја наречат “медиска мафија” групацијата Вијести. Сумата казни кои независните медиуми мораа да ја платат за клевети изнесуваат повеќе милиони евра.

Последната кампања на притисок врз медумите тргна со доаѓањето во Црна Гора на српскиот ескперт за комуникации Владимир Беба-Поповиќ, поранешен шеф на прес канцеларијата на српската влада. Неговиот институт за јавна политика организираше кон средината на ноември, со поддршка на црногорската влада и некои медиуми и здруженија кои се под контрола, конференција наречена «Зборот, сликата, непријателот» која се претвори во расчистување на сметки со сите оние кои во Црна Гора мислат поинаку од владата. Влезот на конференцијата беше забранет за овие новинари. Ниту еден медиум од оние покажуваат критичка дистанца кон владата не можеа да учествуваат на настанот.

Од друга страна, сопственикот на телевизијата Пинк Жељко Митровиќ или сајтот е-Новине од Белград учествуваат на конференцијата. Српскиот совет за медиуми ја осуди клеветата против директорката на Монитор Тадиќ-Мијовиќ и испрати предупредување до е-Новине. И порталот на Балканскиот гласник беше исто така нападнат.

Во Црна Гора не постои орган за авторегулација на медиумите како во Србија. Комисија за расветлување на убиствата на новинарите беше формирана неодамна. Но, брза реакција е неопходна. Здружението на новинарите повикува на штрајк.

За уредникот на Монитор Есад Кочан, оваа ескалација на насилство се наоѓа на опасна удолница: «Системот почнува да крцка и да се распаѓа. Тесните врски помеѓу организираниот криминал и врвот на власта се толку јасни што дури ни пропагандата на режимот не може да ги сокрие. Насилството се јавува како секојдневен феномен. Се креира свет на илузии. Црна Гора станува место каде што е опасно да се живее».

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.