Published: Monday, January 13, 2014 09:20
Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира Јавна расправа за новиот закон за електронски комуникации, чиј текст содржи 194 члена.
Предлог-законот за електронски комуникации е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија, каде свои коментари и забелешки можат да остават сите организации, институции и граѓаните.
Конференцијата ќе се одржи во хотел „Queen’s“, деловен објект Зебра со почеток во 14 часот.




