Published: Monday, April 6, 2020 21:34
Премиерот на В. Британија, Борис Џонсон е пренесен на интензивна нега во болница, откако неговите симптоми на коронавирус се влошија, соопшти Даунинг стрит, јавува Би-Би-Си.
Џонсон побара од секретарот за надворешни работи Доминик Рааб да го замени, додаде портпаролот.
Британскиот премиер (55) во неделата беше примен во болницата „Свети Томас“ во Лондон со „постојани симптоми“.




