Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Може ли Европа да ги придобие „срцата“ и „разумот“? Да, може!

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2020 12:58

Автор: Емил Кирјас, основач на „Кирјас Глобал“ и потпретседаел на Либерална Интернационала

Во Шпанија сум. Секојдневно сум сведок на трагедијата предизвикана од пандемијата на ковид-19 и читам многу вести, статии и дебати за тоа каков е европскиот одговор на случувањата. Многумина се прашуваат дали Европската Унија ќе ја преживее кризата. Во мноштвото пристапи кон кризата е забележителен еден постојан јаз помеѓу југот на Европа и нејзиниот север, кој во голема мера е културолошки и тешко е да се премости. Тоа е „емотивниот“ контра „рационалниот“ пристап во презентирањето на работите, во разговорите и дебатирањето.

Важно е разбирањето на културолошките разлики во дадената дебата, без разлика дали таа се води на највисокото ниво или на социјалните медуми и во дигиталниот простор. Поеднакво е важно самите учесници во дебатата да избегнуваат зборови кои ќе ја доведат во прашање доминантната култура или пристапи кон работите. Можеби, тоа е клучно и за да се постигне успех.

На пример, од културолошка гледна точка е логично да се каже „Се случува вистинска катастрофа, морате да ми помогнете! Ова е крајот на светот“ (на југот), исто колку што е културолошки логично да се праша „Во ред, каков вид на помош ви е потребна? – Да видам што можам да сторам да помогнам“ (на северот). И двата исказа се во ред. Тие се подеднакво издржани и релевантни. Она што е важно е да се согледаат фактите, да се проценат ситуациите и можностите и да се делува соодветно.

Два аспекти се значајни во анализата имајќи ги предвид фактите.

Здравствената криза беше шок со оглед на „официјалните бројки“ од Пекинг и неуспехот на механизмите за рано предупредување на национално ниво и во рамките на ЕУ. Италија, како и Шпанија и Западниот Балкан од каде потекнувам, очајнички повикуваа за медицинска поддршка и за волја на вистината добија помош од ЕУ во медицински материјали и средства неспоредливо многу повеќе од било каде во светот, вклучувајќи ги Кина и Русија. Постоеше страв дека може да дојде до целосен недостаток на итна медицинска опрема, но не постои веродостоен извештај кој посочи дека болница или здравствена установа не можеше да пружи заштита заради недостаток на опрема.

Економската криза предизвикана од здравствената криза е реална и надоаѓачка. Земјите можат да се справат со неа два-три месеци, но разурнувачките ефекти сè уште не се присутни. Нема навестување овие денови за колапс на финансиските институции или банките и самите влади и ЕУ излегоа со гаранции дека таква катастрофа ќе се спречи. Тоа значи дека има одреден временски бафер за да се договори како заедно ЕУ ќе се справи со кризата и под какви модалитети и мерки. Токму тие модалитети се предмет на дискусии, а за истите треба и добро да се дебатира бидејќи само низ дебата  ќе победат најдобрите идеи. Воедно, ширум Европската Унија воочлива е желбата и за заедничко справување со економските предизвици и во духот на солидарноста.

Не може да не се забележи дека помошта која ЕУ ја додели, како и одлуките кои ЕУ и нејзините членки ги донесоа беа проследени со катастрофално лош ПР и комунијација со јавноста, во воочлив недостаток на културолошка емпатија или разбирање. Се поставува прашањето зошто.

Логичкиот одговор би бил – целта беше да се помогне, а не да се замислува за ПР-от или комуникацијата со јавноста, нели?! – Но, во услови на глобална конкуреност за перцепциите од страна јавноста и водејќи се од потребата да се придобијат срцата (повеќе на југот) и разумот (повеќе на северот), самата „битка за перцепциите“ е онаа клучната која се поставува пред ЕУ од страна на конкурентите кои повеќе се грижат за формата, отколку за содржината. Во таа битка предноста е јасно на страна на авторитарните режими, кои не мора да им објаснуваат на своите граѓани за нивните активности или за соодветните трошоци.

Оние граѓани кои ќе им постават прашања или ќе ги предизвикаат авторитарните владетели ќе се соочат со многу подрастични последици од режимот отколку од самиот коронавирус. Тие можат да издаваат „официјални бројки“ кои ќе бидат наметнати локално и промовирани меѓународно, а можат и да испратат авиони полни со било какви материјали пред објективите на камерите и пропагандната машинерија. Европјаните не можат да си дозволат такво однесување.

Тоа претставува голем предизвик за сите Европјани, не само за Европската Унија како организација или институција. Постојат бројни факти, бројки и аргументи кои потврдуваат дека соработката и солидарноста во Европа всушност функционира во овие тешки времиња. Далеку од идеално, но сепак тие функционираат и даваат резултати. Сепак, без добро познавање на реалноста на теренот, на културолошките разлики и за потребата да се постават тие елементи во равенката, Европа во сегашниот контекст ќе се соочи со голем предизвик во таа „клучна битка за перципциите“.

Со повеќе трпение и мудрост, со креативно сочувство и со многу повеќе напорна работа за да се изнајдат заеднички решенија, сепак ќе се се придобијат „и срцата и разумот“ на Европјаните ширум континенот. Да, можно е! Сега откако шокот и изненадувањето од кризата се зад нас, императивно е власите и политичките елити во цела Европа, се разбира оние демократските, да разберат дека вклучувањето на културолошката чувствителност во равенката на политичките разговори и одлуки е од извонредна важност за зачувување на Европскиот Проект.

А тоа разбирање не завршува на границите на Европската Унија. Не далеку од Европа, во сиромашниот југ на светот, пандемијата на ковид-19 ќе има уште поразорни здравствени и економски последици. Тоа ќе претставува дополнителна клучна битка не само за перцепцијата, туку за преживувањето. Токму таму, првенствено во Африка, изнемоштените, но сепак богати и здрави Европјани ќе се соочат со изборот да покажат дека „солидарноста“ не е само збор кој се употребува исклучиво во Европа. Постојат срца, разум, но и души ширум светот!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.