Амбасадороката на САД во земјава, Кејт Брнс, се приклучи на онлајн состанокот со министерот за здравство Венко Филипче и шефицата на Светската здравствена организација во Северна Македонија, Џихан Тавилах. Амбасадорката Брнс зборуваше за грантот на УСАИД во висина од 10 милиони американски долари за Светската здравствена организација (СЗО), од кои 600.000 американски долари се насочени за поддршка на на битката против коронавирусот во земјава.
„Оваа награда е дел од поддршката на Соединетите држави за Северна Македонија и се заснова на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две држави“, објави амбасадата на САД на својот фејсбук.
На средбата амбасадорката Брнс исто така истакна дека денес е Светскиот ден на здравјето, значаен ден за здравствените работници кои во моментот се во првите редови во борбата против КОВИД-19.




