Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Преспанскиот договор е можност за побезбеден Балкан

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2020 17:47

Како нешто најчудно и нелогично го гледаа спорот за името Македонија сите оние кои од страна го набљудуваа или од време на време се информираа за процесот, но посредникот во спорот за името меѓу Северна Македонија и Грција нагласува дека оние кои биле директно влучени во процесот можеле да разберат дека станува збор за прашање кое задира во сржта на идентитетот и националното чувство на безбедност на засегнатите.

Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, за кого светските медиуми објавија дека е човек кој целата своја кариера ја посветил на еден збор, во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на нациналностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.

Нимиц, кој повеќе од 20 години се обидуваше да ги приближи двете страни да го решат спорот, е роден на 17 јуни 1939 година, точно на денот кога во Нивици на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор, со кој се стави крај на речиси тридеценискиот спор меѓу двете соседни земји.

Нимиц во својата детална анализа говори за историскиот контекст на спорот, процесот на преговарање, временското прашање, поставувањето нова рамка за решавање на спорот, како и за обидите да се разбие принципот на аверзија на загубеното и тој да се замени со она што може се добие ако се најде решение.

-Откако спорот беше решен со Преспанскиот договор во јуни 2018 година, повеќето набљудувачи од страна се прашуваа зошто беше потребно толку многу време.  Сепак ова беше прашање кое одеше директно во срцето на идентитетот и националното чувство на безбедност, вели Нимиц.

Нагласува дека во овој за многумина необичен случај, менувањето на името на новата независна држава, вклучувало длабоки проблеми поврзани со идентитетот на две посебни страни и нивното различно сфаќање за историјата, културата и идната на регионот.

-Решавањето на спорот за името меѓу Грција и нејзиниот северен сосед креираше важна нова можност за поконструктивни односи и побезбеден Балкан. Договорот од Преспа, потпишан на брегот на Преспанското Езеро, кое ги дели двете држави е решение за спорот и основа на нов почеток, вели Нимиц.

Нагласуваќи дека Договорот беше поздравен од светските метрополи како голем чекор за регионот, Нимиц истакна дека важно е да се препознае дека тој немал широка поддршка и во двете земји и, како што напиша „едвај ги добил потребните парламентарни гласови и гласовите на граѓаните и во Грција и кај нејзиниот северен сосед“.

Нимиц нагласува дека македонското прашање преставува стратешка мултидимензионална контроверза, која била на агендата на Европа од 19 век.

-Иако генералната перцепција е дека проблемот во голема мера е решен со Преспанскиот договор, нема гаранција дека контроверзата со името нема повторно да се појави во регионот и да предизвика нови проблеми во иднина, забележува Нимиц, кој во својата анализа ги посочува различните агли на пристапување на спорот кај двете страни.

Стратегијата на преговорите, вели тој, беше да се разбие острата разлика во перцепциите за спорот, да се  идентификуваат перцепциите кои водат до доминирање на принципот на аверзија на загуба кај двете страни и да се направи обид за преиспитување на прашањето.

-Ова преиспитување беше само делумно успешно и мора да се признае дека и во двете држави голем број од граѓаните на Договорот го гледаат низ призма на загубеното. Како и да е верувам дека значително се намали интензитетот на аверзијата кон загубата за време на преговорите,  но беа потребни 20 години за реафирмирање, како и ефикасни и посветени политички лидери од двете страни, вели Нимиц и во тој контекст се осврнува и на заложбите на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, но и на двајцата поранешни премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Нимиц вели Скопје, се жртвувало прифаќајќи го концетот ергаомнес, а за возврат беа одблокирани интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, но најважно од се е што се афирмираше глобалното прифаќање на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, нешто во што никој не треба да се сомнева, вклучувајќи го и јужниот сосед Грција.

МИА подетално анализата на Нимиц ќе ја објави утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.