НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земја со 2 милиони жители не може да си ја преброи администрацијата

0
By Нова ТВ on January 13, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според одредени проценки во последните 6 години во државните јасли се вработени 40.000 луѓе, од нив 6.000 се Албанци – велат економистите. Трендот на квантитативно билдање на администрацијата не запира.

Ресорниот министер Иво Ивановски тврди дека со новиот Закон за администрација ќе има пребројување и точно ќе се знае колку вработени има во целиот државен апарат.

До тогаш – се лиферува бројка и од 160 илјади административци. Експертите упатуваат на тоа дека професионализацијата и ефикасноста на администрацијата пред се, зависат од политичката волја и доблест да нема политички притисоци и уцени. Годинава, само од Буџетот се планирани повеќе од 384 милиони евра за исплата на администрацијата, пишува во анализата на portalb.mk.

За 6 години – вработени 6.000 Албанци?

Оваа година платите и придонесите за администрацијата ќе го чинат Буџетот нешто повеќе од 384 милиони евра. Во споредба со 2012-та година, кога за плати се потрошиле 373 милиони евра, годинава ставката е зголемена за 11 милиони евра. Според владини претставници порастот е резултат на најавеното зголемување на платите на администрацијата, но и на нови вработувања. Платите ќе се зголемат, ќе се делат петки и единици за аминистративците – но бројката колку луѓе се вдомени во државниот и административниот апарат и натаму останува непозната.

“Мислам дека премногу експериментираме со работи што се познати во светот. Сега правиме поделба државна и јавна администрација, носиме закони за зголемување на ефикасноста, а на крајот сепак останува да не мачи еден проблем а тоа е колку луѓе работат под капата на државата. Мене не ми е јасно како е можно во земја со 2 милиони жители да не може да се преброи бројот на административци. Сметам дека сега се нудат вакви законски решенија само поради еден факт, а тоа е да се стават во втор план проблемите што се важни, како невработеноста и економскиот раст. “ – објаснува универзитетскиот професор Сами Бисилими.

Ресорниот министер Иво Ивановски тврди дека токму со новиот Закон за администрација ќе се обезбедат податоци за бројот на вработените. Според одреден информации, бројот на административци се движи и до 160 000 илјади.

Законот за администрација, што се очекува да стапи на сила, не само што ги подели пратениците во парламентот, туку предизвика и раздор во синдикалните редови. Додека дел од гранковите синдикати, на чело со лидерот Живко Митревски дадоа поддршка за решението, од најголемиот синдикат на УПОЗ, кој е надлежен токму за вработените во управата и правосудството, тврдат дека решението е на штета на администрацијата.
“Не можеме да разбереме зошто синдикатот е заобиколен овој пат, главниот збор треба да го каже токму овој синдикат, не во смисла да диктираме како ќе биде и што ќе биде, туку затоа што ние сме најзасегнати. Кај нас 80% од членството се токму државни и јавни службеници“ – реагираат од УПОЗ.

Со новиот закон за администрација, вработените освен што квалитативно ќе се оценуваат, за тоа ќе добиваат од награди до казни со отказ, потоа, без разлика на тоа на какво работно место се ангажирани, тие мора да зборуваат еден од трите најкористени јазици во Европската Унија а како доказ за тоа треба да имаат меѓународно признат сертификат, кој чини околу 150 евра.

Дел од експертите оценија дека ваквото законско решение отвора простор за субјективност во оценувањето на администрацијата а опозицијата смета дека решението ќе се искористи и за партиски реваншизам.

Професорот Бислими објаснува дека Новиот закон нема да го реши стариот проблем – квантитативно билдање на администрацијата.

„Мора да се даде одговор на неколку прашања, дали ни е потребна ваква администрација, колку е ефикасна, колку е на број и на крајот дали сме способни да ја плаќаме. Според одредени проценки бројот на административци се движи од 140 000 до 160 000, а просекот за земја како Македонија, изнесува од 60 000 до 70 000 илјади вработени. Ние сме сведоци дека во последни 20 години трупаме администрација, таа се зголемува а во истиот период од тие 20 години не создадовме услови за зголемување на бројот на вработени во приватниот сектор,“ вели професорот и додава:

“Според одредени проценки во последните 6 години во државните јасли се вработени 40.000 луѓе, од нив 6.000 се Албанци. Точно е дека треба да се почитува Рамковниот договор во однос на правичната застапеност, но мора да се запази и професионалноста, без разлика на националната припадност. Уверен сум дека и меѓу македонците и меѓу албанците, или било кој друг етникум, има професионалци, но прашање е како се стасува до работно место. Освен националниот клуч, тука е и партискиот. “

Професионалноста и ефикасноста на администрацијата е составен дел од секој Извештај на ЕУ за напредок на Македонија. Вработувањата и напредувањата во администрацијата треба да бидат според професионални заслуги – пишуваше во последниот објавен Извештај на ЕУ.

Се додека зборуваме за вработувања во државни јасли, на сметка на вработувања во приватниот сектор, економски исчекор нема да има – оценуваат економистите.

„Ваквиот тренд на полнење на администрацијата не смее да продолжи на овој начин и не е одржлив. Ние сега само го пролонгираме проблемот, но не го решаваме. А решението треба да го бараме не во вработувања во администрацијата, туку во приватниот сектор. Најдобар индикатор за тоа како стојат работите во бизнисот се инвестициите кои се генератор на нови работни места. Стапката на инвестиции на годишно ниво изнесува од 2% до 5%, што е исклучително ниско ниво,“ вели професорот Бислими.

Последните помасовни вработувања во државните јасли се спроведоа преку “Македонски шуми“ кога беа примени 1 600 лица. За дел од нив сеуште се бара работно место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.