Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски пулмолог против прерано и неселективно користење респиратор

0
By Нова ТВ on April 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2020 19:36

Германскиот експерт за заболувања на белите дробови, Томас Фошар, вели дека коронавирусот е домен на пулмолозите кои имаат најмногу искуство во лекување на вирусна и бактериска пневмонија и оцени дека пациентите без медицинска оправданост се премногу често предвремено поврзани со уредите за механичко дишење.

Фошар, кој е претседател на германското Здружение на пулмолошки клиники, во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) истакна дека вклучувањето на виролозите и епидемиолозите е неопходно и добро и дека сигурно би било од голема помош за да се дознае наскоро колку мутации на вирусот „Сарс-КоВ“ 2 постојат.

„Но, конкретно болеста и нејзиниот третман се домен на специјалисти за белодробни заболувања, а не за анестезиолози или експерти за интензивна нега. Пулмолозите секојдневно се занимаваат со вирусна и бактериска пневмонија. Нема лек за КОВИД-19 и затоа е неопходно клиничкото искуство на пулмолог. Тоа јавноста и политиката не го регистрираат во доволна мера“, вели Фошар.

Тој истакна дека механичката вентилација на пациенти заразени со коронавирус, нивна предвремена интубација (внесување на цевка преку устата во дишните патишта), честопати не е медицински оправдана. Според него, немало несогласување на оваа тема меѓу лекарите пред да експлодира пандемијата.

Наведувајќи дека брзото ширење на пандемијата довело до хаотични состојби на клиниките, намалени ресурси и зголемување на бројот на пациенти кои треба итно да се лекуваат, Фошар нагласува дека нема време во овој хаос за подолго набљудување на пациентите и дискусија за терапијата и дека затоа често преурането се интубира и се применува инвазивно механичко дишење. Фошар вели дека на инвазивното механичко дишење пулмолозите гледаат со резерва затоа што тоа секогаш со себе носи многу компликации, дури и кога самиот респиратор е оптимално прилагоден и грижата е совршена.

Стапката на преживување на респиратор е само помеѓу 20 и 50 проценти

Наведувајќи дека стапката на преживување на пациенти заразени од коронавирус приклучени на респиратор е само помеѓу 20 и 50 проценти, Фошар посочува дека се поставува прашањето дали тоа се должи на сериозноста и текот на болеста, или можеби на најпосакуваниот метод на лекување.

„Кога ги прочитавме првите студии и извештаи од Кина и Италија, веднаш се прашувавме зошто толку често се интубира таму. Ова е спротивно на нашето клиничко искуство со вирусното воспаление на белите дробови“, вели Фошар.

Тврдењата на одредени експерти дека интубираните пациенти се помал потенцијален извор на зараза за лекарите и медицинските техничари, германскиот пулмолог ги отфрли како неетички, па дури и бесмислени.

„Не е етички. Ние навистина не можеме да ја ставиме благосостојбата на пациентите под милост и немилост на лекарите. И, како тврдење, тоа е бесмислено. Искусните пулмолози и лекарите по интензивна нега знаат како да ја одржат заканата од аеросоли на минимум”, нагласува Фошар.

Осврнувајќи се на искуството од белодробната болница „Витани“ во Мерс, недалеку од Дуизбург, каде е шеф на една од клиниките, Фошар рече дека само еден пациент со КОВИД19 бил интубиран поради тешки секундарни заболувања, и дека сите пациенти се подложени на обемна лабораториска анализа и текот на воспалението се следи со скенер.

„Компјутерската томографија (скенер) е клучна дијагностичка алатка во овие тешки случаи, далеку посигурна од тестовите за корона. Откривме дека имало многу лажни негативни тестови. Успешно им помогнавме на многу пациенти со доставување кислород преку носот и неинвазивна вентилација преку маска”, вели докторот, потенцирајќи дека е многу важно пулмолозите и стручните лица за интензивна нега да постигнат консензус за тоа како да ги лекуваат пациентите.

Германскиот стручњак очекува голем број на пациенти со тешки форми на болеста, но не смета на катастрофа.

„Неколку недели ќе примаме сериозно болни пациенти, но не сметам на катастрофа. Сепак, не сакам да ја омаловажувам ситуацијата. Оваа болест е подмолна. Не знам за друга болест на белите дробови каде компликациите и временскиот тек се толку тешки за да се предвидат и каде има толку многу варијанти. И ЦТ-снимките на белите дробови многу се разликуваат. Систематизацијата на текот на болеста сè уште ни предизвикува големи проблеми“, вели Фошар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.