Уредникот во Канал 5, Гоце Михајлоски, кој е позитивен на коронавирус, при посетата на семејството во прилеп имал контакт со член кој имал позитивен наод на болеста, соопшти денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Бухова на прес-конференцијата.
„Меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкета од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек’, истакна Бухова.
Таа рече дека Михајлоски е сместен во болницата „8 Септември“, а дополни дека евентуалните мерки кон вработените во телевизијата каде што одел на работа, ќе зависат следните мерки што ќе бидат преземени во однос на евентуални решенија за самоизолација.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека еден новинар е позитивен на коронавирус и дека поради контактите што ги имал со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кои во следните денови ќе бидат во самоизолација.