Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана апликацијата СтопКорона!

0
By Нова ТВ on April 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 13, 2020 19:16

Денес, од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за здравство, беше официјално презентирана апликацијата СтопКорона!

Станува збор за мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики во справување со коронавирусот, наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица. Апликацијата е донација од „Некстсенс“ за Министерството за здравство, која има за цел мобилизирање на заедницата во заедничкото дејствување за детекција на ширењето на КОВИД-19, како поддршка на здравствените работници во справувањето со кризата.

Како што истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, при изработка на оваа апликација најважно ни беше да гарантираме безбедност и заштита на податоците, да биде едноставна за користење и апликацијата да им помогне на епидемиолозите во процесот на анкетирање на лица кои се позитивни на КОВИД-19

„Одговорно тврдиме дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста. Таа во никој случај не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата. Функционира со анонимизирани кодови (шифри) кои се генерираат за секоја апликација со нејзиното активирање. Единствен податок што го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата (го потврдува својот број со внес на СМС код пратен на тој број). Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Минстерството за здравство. Ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту пак некаде се чува податок за сопственикот на бројот. Дополнително, функционира на доброволна база, односно единствено во случај кога корисник на апликацијата ќе добие резултати дека е позитивен на КОВИД-19, може доброволно да ги прати податоците од својата апликација до Министерството за здравство “, информираше министерот Манчевски.

За граѓаните дополнително да бидат сигурни дека можат да веруваат на апликацијата, во наредните неколку денови тим на експерти од оваа област ќе имаат пристап до сорс кодот на апликацијата, по што ќе дадат и свој став за начинот на којшто функционира СтопКорона.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изрази благодарност до министерот Манчевски и неговиот тим и компанијата „Некстсенс“ кои интензивно во изминатиот период работеа на изготвување на оваа апликација.

„Апликација којашто значајно ќе ја олесни работата на епидемиолозите во утврдување на примарните, односно секундарните контакти на заразените лица. Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на бројот на заболени, фаза во која се уште идентификуваме активно заболени лица и сите нивни примарни контакти ги ставаме во самоизолација. Тоа е еден од начините да се спречи ширењето на инфекцијата, а оваа апликација значајно ќе ја олесни работата на епидемиолозите заради тоа што на некој начин ќе ја замени работата на прашалникот по којшто работат и со оваа алатка многу лесно може да се стигне до примарните контакти“, изјави министерот Филипче.

Директорот на „Некстсенс“, Васко Кроневски информираше за процесот на изработка на оваа апликација.

„Во знак на поддршка на заедницата и на напорите што Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ги прават за справување со оваа вонредна состојба, со огромен ентузијазам, во исклучително краток период ја осмисливме и реализираме мобилната апликација СтопКорона, изработивме веб страна за информирање на јавноста и позадински систем за здравствените работници за спречување на ланецот на ширење преку брза идентификација на потенцијално заразени лица. СтопКорана е мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики во справување со коронавирусот, водејќи сметка за целосна заштита на приватноста на корисниците на апликацијата“, рече Кроневски.

Апликацијата од денеска е достапна за сите граѓани на мобилни апликации за iOS и Android.

Во само еден ден, апликацијата ја инсталираа повеќе од 5.000 граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.