Published: Tuesday, April 14, 2020 01:08
Жители на скопската населба Ченто ноќва излегоа на протест за време на полицискиот час, незадоволни што полицијата привела тројца нивни сограѓани за непочитување на рестрикциите.
Според првичните податоци, приведените се обидувале да ги извадат бариерите на патот што служеле за намалување на брзината на автомобилите.
Од МВР се уште нема информации за овој настан.




