Четириесет и два пациенти се оздравени, со два негативни теста и во општа добра здравствена состојба заминаа дома. Со оваа позитивна вест ја започна денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Ова навистина може да не радува радува и мене и здравствените работници кои се директно вклуени во битката со една ризична и непредвидлива болест“, рече Филипче.
Тој информираше дека вработен во лабораторијата на Клиниката за детски болести во Скопје е заразен со коронавирус.
„Случајот е изолиран. На четворица од 18 вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи користена е целосна заштитна опрема според протоколот“, рече Филипче.
За жал, нагласи Филипче, има пациенти кои лошо завршуваат и покрај напорите на медицинските работници. Во последните 24 часа има шест починати пациенти, од кои четворица на Инфективната клиника и двајца во болницата „8-ми Септември“. Во моментов има вкупно 44 починати, а 86 излекувани. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава изнесува 908 лица
За прв пат има еден потврден случај во Кичево. Досега се направени 9.262 теста, а во последните 24 часа 710.
„Континуирано го золемуваме капацитетот и го скратуваме времето на чекање. Дополнително ќе профукционираат лабораторијата во МАНУ за подрачјата надвор од Скопје и Судска медицина“, рече Филипче.
Тој информира и дека завршила постапката за набавка на респираторни машини, при што еден дел ќе стигнат во следните седум дена, а во следните 30 дена, сите 31 респиратор кои успеале да ги набават преку два оператора.
На Инфектвината клиника во моментов има 57 пацинети, од кои седум се на механичка вентилација, а 14 на кислородна поддршка.
Во болницата „8 Септември“, има 28 пациенти од кои 6 на респираторна поддршка, во Битола пет пациенти и сите се добри, а кај тројца ќе бидат земени контролни тестови. И во Штип има осум пациенти, од кои еден е со средно тешка клиничка слика.




