НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Болеста ги напаѓа сите органи-смртноста е 97 проценти во тешки случаи

0
By Менче Атанасова Точи on April 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коронавирусот одзеде 44 животи за неполн месец, откако на 22 март почина 57 годишната жена од Куманово, која беше првиот смртен случај во земјава. Повеќето од починатите се над 60 годишна возраст, но не се над 80 годишна возраст како во другите земји. Според податоците од Министерството за здравство, половина од  тие што се под 50 годишна возраст немале претходни заболувања. Таков беше и случајот со 31 годишното момче за кое првично се тврдеше дека е гојазно, но всушност не е така, а потоа беше соопштено дека во неговата историја на болеста нема претходни заболувања. Го прашавме министерот за здравство Венко Филипче зошто во нашата земја умираат толку луѓе, што подразбира под тешка форма на болеста, зошто никој не се извлекол од респираторните машини.

„Болеста има непредвидлив тек, ја напаѓа крвта и страдаат сите други органи. Анализиравме литература зошто е тоа така, анализиравме резултати, консултиравме и други болници во светот, секаде е така. Смртноста е 90, дури и 97 проценти во тешките форми на болеста“, изјави министерот Филипче.

Во земјава починаа 6 заболени со КОВИД-19 во последните 24 часа. На Клиниката за инфективни болести 4 пациенти на возраст над 60 години, двајца од нив се од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес на 67години и 59 годишен од Куманово.

Според податоците на Министерството з а здравство до вчерашниот ден досега на терапија со антималарик и антивирусен лек вклучени се 50 пациенти од кои излечени се 39, а 11 се починати. А за 9 нови пациенти терапијата е во тек.

Медицинските лица се на удар на болеста и досега заболеле 122, а седум од нив се излекувани. Секојдневно има случи на новозаболени меѓу медицискиот персонал.

Последно, вработен во лабораторијата на Клиниката за детски болести во Скопје е заразен со коронавирус.

„Случајот е изолиран. На четворица од 18 вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи користена е целосна заштитна опрема според протоколот“, рече Филипче.

Министерот Филипче вели дека заштитна медицинснка опрема има доволно, а за тоа постои извештај од ДСЗИ од каде прават контроли по здравствените установи. А, медицинскиот персонал постојано се жали дека немаат заштитна опрема.

„Заштитна опрема има доволно секаде, во Министертвото за здравство има доволно маски, мантили, во јавноста излегоа шпекулации дека нема и ДСЗИ направи увид и имаме извештај за тоа“, изјави Филипче.

Пред два дена епидемиологот Жарко Караџовски изјави дека непочитување на протоколите, неправилно облекување и соблекување на заштитната опрема, се главните причини зошто заболува медицинскиот персонал. Тој истакна дека бил во посета на медицинските установи во државата и лично се уверил дека не ги почитуваат протоколите и не знаат правилно да ја користат заштитната опрема.

„Лично се уверив дека не се почитуваат протоколите и редоследот на облекување и соблекување. Потоа одат надвор да пушат цигари со истата заштитна опрема, седат на кафе пиење заедно во иста просторија, а некои од нив може да се заразени во домашни услови. Заради тоа беше спроведена едукација на медицинскиот персонал. На Инфективната клиника нема ниту еден заболен од медицинскиот персонал затоа што знаат правилно да ја користат заштитната опрема“, изјави Караџовски.

Оваа негова изјава предизвика бура од реакции кај медициснкиот персонал, реагираа на социјалните мрежи дека работат со обични хируршки маски и визири кои ги добиваат од донација од приватни лица.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, и прв случај во Кичево.  Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.

Седум од заболените на Инфективна клиника се приклучени на респираторна машина, шест во болницата „8 Септември“.

Вкупно 42 пациенти се излекувале потполно.

„Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови. Досега се направени 9262 тестови“, рече министерот.

Филипче соопшти дека денеска завршила постапката за набавка на респиратори и дека во следните денови треба да стигнат првите 31 машина,  а во наредните 30 дена останатите.

Министерот нагласи дека нема потреба од дополнителните мерки во Куманово. Во Дебар веќе почнува скринингот на 20 до 30 проценти од населението кои се од ризичниот регион, со тестови за антитела преку кои ќе се види процентот на стекнат имунитет.

За престојниот Велигден кога ќе има 85 часовен карантин се разгледува можноста за децата со аутизам заради рутината и да не дојде до влошување на нивната состојба,  да можат да прошетаат во текот на денот во одреден период со еден родител.  За ова  ќе се одлучува во текот на утрешниот ден. За сите останати деца важи забраната за не излегување надвор.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.