НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет дена се чекало за резултат од тестот- заболениот бил на интерно во битолската болница

0
By Менче Атанасова Точи on April 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пет дена се чекало на тестот на заболениот 47 годишен пациент во битолската болница, за кој резултатот дека е позитивен, стигнал доцна синоќа. Пациентот за тоа време бил во соба на интерното одделение, што предизвика револт кај вработените. По добивање на резултатот тројца лекари, 8 медицински сестри и болничар се во самоизолација

Пет дена се чекало на тестот на заболениот 47 годишен пациент во битолската болница, за кој резултатот дека е позитивен, стигнал доцна синоќа. Пациентот бил примен во битолската болница на 10 април со психијатриска дијагноза, а наредниот ден на 11 април му бил земен брис поради претпазливост бидејќи одел да зема терапија во дневната болница во Демир Хисар каде што имаше заболен лекар, но немал контакт со него. Заболениот имал температура но, дијагнозата со која се лекувал исто така се манифестирала со покачена температура, тврди за НОВА директорката Билјана Гагачовска.

„Дури синоќа стигна резултатот од брисот дека е позитивен. Тоа од нас не зависи, се чека за резултат бидејќи се прават многу тестови. Ние ваквите случаи ги третираме под сомнение и тој беше изолиран во посебна соба на Интерното одделение“, тврди Гагачовска, која денеска се обрати и јавно со изјава пред медиумите.

Но, случајот ја крена на нозе битолската јавност, откако вработени од болницата, повеќето лекари, реагираа бурно и на социјалните мрежи дека не се почитувале протоколите, а многу вработени биле ставени во опасност од коронавирусот заради тоа што на пациентот му биле правени и други интервенции.

„На пациентот му е земено крв од три медицински сестри, ставен му е катетар на урологија, шетан е по болницата. Проблемот е во организиацијата, не е во друго. Не смеело да се дозволи сомнителен пациент да биде на одделот, слушаме и за притисоци дека директорката инсистирала да биде на одделот“, велат за НОВА вработени во болницата.

Еден од лекарите  на фејсбук напиша дека е револтиран што пациентот бил на Интерно одделение и смета дека болницата потфрлила со овој случај.

Гагачовска ги демантира ваквите тврдења и вели дека се испочитувани протоколите. Таа тврди дека сите интервенции биле направени во собата кај што бил пацинет, а лекарите и медицинските сестри биле со заштитна опрема. Таа смета дека случајот се користи политички. Но, по добивање на резултатот во самоизолација

„Сите вработени беа со заштитна опрема. По добивање на резултатот еден лекар и 2 медицински сестри се ставени во самоизолација, на одделот за психијатрија еден лекар, 4 медицински сестри и еден болничар, на ургентен исто еден лекар и 2 медицински сестри. Вчера и така им беше последен ден на работа на оваа група, па доаѓа следната група која не беше на работа две недели, така се менуваат“, изјави Гагачовска.

Таа тврди дека нема опасност по вработените бидејќи сите се заштитетни, имаат доволно опрема, а скафандери се користат само на инфективното  одделение. Гагачовска вели дека не е се до опремата, туку дека треба секој лично да внимава, а за таа цел како да се  заштитат вработените имале видео обуки организирани од страна на Министерството за здравство.

Од ДСЗИ за НОВА потврдија дека биле испратени инспектори да го испитаат случајот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.