Медицинска сестра на одделот за имунологија при Клиниката за детски болести е заболена со КОВОД-19. Таа е втор случај на оваа клиника откако позитивен на вирусот се покажа и еден лаборант. Министерот Филипче, вечерва на прес конференција рече дека сега има подетална слика и дека се сомневаат вирусот да е внесен до надвор.
Тој рече дека позитивна на коронавируд е медицинска сестра од одделот за онкологија, но од Детска клиника подоцна, по завршување на прес конференцијата коригираа дека всушност е направен превид и се работи за вработена од одделот за имунологија, а серолошки тестирања ќе бидат направени на вработените на одделот за онкологија каде што се лекуваат најтешко болните деца.
Медицинската сестра работи на одделот каде што престојуваат имуно-компромитирани деца. По добивање на позитивниот наод сите вработени со кои била во контакт се во самоизолација. Во целата ситуација ќе се изврши скрининг на вработените на онолошкиот одддел, најави министерот Филипче.
„Да, таму има уште една медицинска сестра која што е заболена и заради тоа ќе биде направено серолошко тестирање на онколошкиот оддел. Постои сомнеж дека вирусот е донесен од надвор и бидејќи се работи за многу осетлива проблематика во однос на децата кои престојуваат таму, ќе се направи скрининг на сите вработени“, изјави Филипче.
Според инфомациите на НОВА, на одделот за имунологија од 20 до 30 март престојувала мајка со своето дете и кога повторно се вратиле на клиниката за прием, тестот кај мајката кој бил направен заради предострожност, се покажал позитивен на коронавирус што инцирало да се направат тестирања на 10 вработени. Кај еден лаборант кој му земал земал крв на детето тестот бил позитивен. Медицинската сестра била тестирана во втората група и нејзиниот резултат сигнал вечерта, истиот ден. Во изолација покрај 4 лаборанти, се и вработени од одделот каде што работела медицинската сестра. Епидемиолозите ќе утврдат што точно се случувало таму и од каде е донесен коронавирусот.
Вработена хигиеничарка во Геријатрија во Ѓорче Петров е позитивна на коронавирус, а тестот бил направен откако добила симптоми и висока температура, информира министерот Филипче на денешната прес конференција. Тој нагласи дека домовите за стари лица се исклучително осетлива категорија и со нив ќе се постапува многу внимателно.
„Во Домот за стари лица на Геријатрија во Ѓорче Петров има дијагностицирано вработена, хигиеничарка. Направена е епидемилошка анета, а дел од вработените веќ се во изолација. Имајќи во предвид дека во домовите за стари лица треба да се постапи со искучителна доза на внимателност, веројатно следната недела ќе пристапиме кон серолошко тестирање пошироко во домовите, изјави Филипче.
Имајќи во предвид дека домовите за стари лица се најзагрозени од коронавирусот, тоа се стари и неподвижни лица, имаат хронични болести, Филипче најави дека веќе од следната недела ќе биде направено тоа тестирање и ќе бидат опфатени сите лица кои се сместени во старечките домови низ државата.