Нова експериментална студија со лекот „Ремдесивир“, покажала дека здравствената состојба на 68 проценти од пациентите со тешка форма на КОВИД-19, значително се подобрила. Повеќе од половина пациенти биле на респираторни машини. Токму ова е лекот кој државата го чека да стигне како донација од Јапонија, рече министерот Филипче.
„Барањето е поднесено минатата недела, чекаме одговор за донацијата. Јапонија вети дека овој лек ќе го донира на повеќе земји“, изјави Филипче.
На прашање на НОВА, дали се планира на болните да им се дава и озонска терапија која оди преку озонирање на сопствената крв на пациентот, а се применува во Италија, министерот одговори дека тоа останува одлука на инфектолозите.
Филипче нагласи дека разговарал со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, а Клиниката за гинекологија од Франција добила значителна донација во заштитна медицинска опрема преку „Проект хоуп“.