НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приватна болница праќа вработени на принуден одмор за време на пандемија со КОВИД-19

0
By Менче Атанасова Точи on April 18, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Оливер Спасовски најави дека мора да се испита случајот, дека во време кога се мобилизира медицинскиот персонал секој вработен е важен и „никој не смее да профитира во оваа ситуација“

Медицински персонал од приватната болница „Еуроиталија“, се испраќа на привремен принуден одмор во преме на пандемија со коронавирус, трвдат за НОВА вработени од болницата. Тие велат дека дел до персоналот е испратен на принуден одмор и со таа одлука некои од нив ќе земаат само 50 проценти од платата, а други 70 проценти,но тие се обврзани да дежураат во одредени денови. Велат дека Решенијата ги добиле по пошта, без претходно да бидат информирани за тоа лично од раководството.

„Не сме информирани лично, не праќаат на принуден одмор. Решенијата ги добивме по пошта. Не знаеме каде да пријавиме, дали воопшто ќе се реагира. По анонимна пријава сме пријавувале и претходно, доаѓаа инспектори и на крај се останува исто. Плата не сме земале, а во исчекување сме на состонок во текот на идната недела на кој ќе ни соопштат што ќе биде со нас“, тврдат за НОВА видно загришени вработени медицински лица од болницата.

Тие испратија и дел од Решенијата, а за одлуката дека ќе одат на принуден одмор не биле известени лично, ниту дека ќе има толкаво намалување на платата.


Вработените се праќаат на принуден одмор во траење од  60 дена, почнувајќи од 20 март. Во образложението се вели дека заради мерките за време на вонредна состојба директорот ја донел оваа одлука со цел „сведување на капацитетите на болницата на минимум и пружање само на одредени здравствени услуги за кои постојат услови“.

Дел од медицинскиот персонал кој не контактираше велат дека тие што ќе земаат 70 проценти од плата(тоа стои и во Решенијата) се обврзани да имаат 3 дежурства од 24 часа, а останатите кои ќе земат само половина плата немаат обврска за дежурства. Разочарани се бидејќи плата немаат земено за месец март и празниците ќе ги поминат без пари.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не е информиран за ваквата состојба во болницата, особено во ситуација на пандемија кога секој здравствен работник е важен.

„Не сум информиран за состојбата во болницата, но секој здравствен работник е важен и затоа секој мора да даде свој придонес во оваа ситуација. Можеби ќе дојде ситуација кога ќе ни треба медициснки персонал и од приватните болници и затоа мора да останеме заедно да се бориме со пандемијата“, одговори на прашањето на НОВА, Филипче.

Но, премиерот Оливер Спасовски кој претходно говореше дека ги поддржуваат фирмите да нема откази на вработените, се заинтересира за случајот.

„Мора да се испита цел овој случај. За болниците донесовме одлука да се мобилизира целиот здравствен персонал  и тие треба да се свесни дека може да дојде ситуација да ни требаат. Ќе го задолжиме ДСЗИ да одат во болницата и да направат контрола. Јас имам сознанија и за една друга приватна болница каде се намалуваат платите. Никој не треба да профитира во оваа ситуација. Борбата за пациенти не треба да биде само кога ни е добро, кога имаме нормална ситуација во државата“, рече премиерот Спасовски.

НОВА, ја побара админстративаната директорка Росица Стоимилова, но таа не одговори на телефонските позиви, ниту на СМС пораката.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.